Бројот на новозаболени од COVID-19 дневно сè уште трицифрен

Скопје, 14 август 2020 (МИА) – Нови 141 случај со COVID-19 од 1.848 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88 г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80 г.) вонболнички. Регистрирани се 175 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.357, бројот на оздравени пациенти е 8.662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.163.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 1.067, во Штип 301, во Гостивар 294, во Куманово 258, во Тетово 168, во Струга 160, во Дебар 124, во Кавадарци 107…

Досега во земјата се направени вкупно 120.950 тестирања.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти од кои на кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 69 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје има во Чаир – 150, Аеродром – 132, Гази Баба – 120, Карпош – 108, Центар – 90, Кисела Вода – 89, Шуто Оризари – 85, Ѓорче Петров – 76, Бутел – 65, Сарај – 39, Студеничани – 33, Арачиново – 20, Илинден – 20, Сопиште – 11, Чучер Сандево – 9, Петровец – 8, Зелениково- 6, тројца странци и тројца нераспределени.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил напиша дека сè може да се надополни – и дружбите и веселбите и излегувањата, и учењето и знаењето, и работата и патувањата, здравјето не може да се надополни.

– Грижата за здравјето на нашите најмлади, на нашите родители, баби и дедовци, на соседите и хронично болните, на ризичните групи – тоа е приоритет во секоја наша одлука. И тука нема компромис! Одговорноста е на секој од нас!, објави Филипче. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе