Бројот на посетите на Замокот Версај во драстично опаѓање поради недостиг на странски туристи

Замокот Версај изгуби 45 милиони евра поради намалениот број посети за време на мерките на изолација, изјави претседателката на музејот Кетрин Пегар, која смета дека мора да се преиспита економскиот модел на оваа установа.

Посетеноста на Версај падна во отсуство на странски туристи, со само 10.000 посетители дневно во моментот, или три пати помалку од вообичаеното, соопшти Пегар.

– Дневно, ние сме со околу 10.000 посетители, повеќе за време на викендот, помалку во текот на неделата, затоа што нашите посетители се речиси исклучиво Французи. Постепено гледаме враќање на странците, како Германците, Холанѓаните и некои Италијанци, изјави Кетрин Пегар за RTL.

Обично, замокот, во кој 80 отсто од посетителите се странци, прима 30.000 посетители на ден во овој период, рече таа. „Финансиски, состојбата е тешка“, се пожали, додавајќи дека замокот што повторно се отвори на јавноста на 6 јуни „изгубил 45 милиони“ од затворањето досега.

– Ова нѐ тера да размислиме што треба да бидеме, што треба да правиме. Целиот наш модел, ако можам да кажам така, се распадна, рече таа, потсетувајќи дека „како и да е во историјата, затворањето на замокот се случило само еднаш, во времето на прогласувањето на Втората светска војна.

Таа сепак увери „дека нема да штеди“ на персоналот, приближно 1.000 вработени во замокот и околу за 20.000 други „кои работат околу“ замокот.

Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, од своја страна соопшти дека посетеноста е помала за четири пати во јули, со 10.000 посетители на ден, ниво сепак во согласност со предвидувањата на неговата управа.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе