Бројот на сперматозоиди рапидно се намалува

За само половина век концентрацијата на сперматозоиди се преполовила и се приближила до критичната граница од 40 милиони на милиметар, а она што најмногу ги загрижува експертите е што во последните години овој тренд се забрзува.

Синоќа веста за раѓањето на осум милијардитиот жител на нашата планета го обиколи светот. Сепак, и покрај тоа што на секои 11 години од 1975 година сме побогати за една милијарда луѓе, научниците предупредуваат дека се соочуваме со репродуктивна криза која може да остави несогледливи последици за нас.

Најновата студија на 153 мажи сугерира дека просечната концентрација на сперма паднала од 101,2 на 49 милиони на милилитар помеѓу 1973 и 2018 година, што во проценти се преведува како 51,6. Она што најмногу ги загрижува експертите е што падот на концентрацијата е најизразен во периодот по 2000 година и изнесува 2,64% на годишно ниво, за разлика од последните децении на XX век кога изнесуваше 1,16%.

„Мислам дека ова е уште еден знак дека нешто не е во ред со нашата планета и дека мораме да направиме нешто во врска со тоа. Така да, мислам дека ова е криза со која треба да се справиме пред да дојде до точка на пресврт што веројатно нема да биде реверзибилна“, изјави професорот Хагај Левин од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Што се случува со репродукцијата?

Некои проценки покажуваат дека репродуктивниот капацитет е загрозен ако концентрацијата на сперма падне под 40 милиони на милилитар, што укажува дека наскоро би можеле да се соочиме со сериозен проблем. Левин објаснува дека е очигледно дека падот е поизразен во последните неколку години, но дека не е сигурен што би можело да биде причина за оваа појава.

Една хипотеза е дека употребата на хемикалии го попречува правилното функционирање на нашиот ендокрин систем или можеби дури и загадувањето за кое е откриено дека има ефект дури и на фетусот во развој. Покрај тоа, сите се согласуваат дека факторите како пушењето, алкохолот, лошата исхрана и дебелината дополнително влијаат на квалитетот на спермата.

Многу негови колеги наведуваат дека не се изненадени од резултатите и дека тоа е слика со која се среќаваат во пракса, иако може да се каже дека целата ситуација претставува феномен на глобално ниво. Експертот за репродукција Ричард Шарп од Универзитетот во Единбург објаснува дека ова е многу лоша вест за постарите партнери кои долго време се обидуваат да добијат деца.

„Помалиот број на сперматозоиди ќе претставува голем проблем за целото општество во следните педесет години, бидејќи сè помалку млади луѓе ќе работат и ќе поддржуваат сè поголем број постари луѓе“, заклучи тој.

Резултатите од студијата се објавени во списанието Human Reproduction Update.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе