Актерката Брук Шилдс изјави дејка нејзиниот поранешен сопруг Андре Агаси имал жестока реакција на нејзината улога во серијата „Friends“ во 1996 година.

Како што вели во интервју за New Yorker, на нејзиниот тогашен партнер Андре Агаси воопшто не му се допаднала сцената во која таа му ја лиже раката на Џои, кого го играше Мет ЛеБланк.
Откри дека тогаш тенискиот шампион заминал дома и почнал да ги крши своите трофеи.
„Андре беше во публика и ме гледаше, а потоа истрча надвор. Рече: 'Сите ми се смеат. Направи будала од мене со таквото однесување'. Јас му реков: 'Тоа е комедија? Што ти е тебе?'“, раскажува Брукс, која во дводелниот документарец „Pretty Baby: Brooke Shields“ отворено зборува за својот живот, вклучително и за трауматичниот сексуален напад.
Шилдс подоцна дознала дека Агаси користел кристален метамфетамин отприлика во тоа време, за што тенисерот години потоа и отворено зборуваше.
„Неговото ирационално однесување сигурно имаше врска со тоа“, заклучи актерката.
Шилдс и Агаси беа заедно од 1993 година, а во брак беа од 1997 до 1999 година.
Во „Friends“ се појави во епизодата „The One After the Superbowl: Part 1“ од втората сезона каде ја глумеше Ерика Форд, девојка што го демне Џои.