НБА 2019/20

Бруклин ја прекина победничката серија на Торонто

Дојде крај и на одличната серија победи на Канаѓаните кои конечно потфрлија и на тоа на гостувањето кај Бруклин.

По 15 натпревари без пораз е прекината големата серија на забрефтаниот Торонто. Репторс беа немоќни кај Нетс, а решавачка беше втората четвртина која им припадна на домаќините со плус 8. И покрај поразот, најефикасен беше Серж Ибака со 28 поени, а после него Фред ВанВлит со 22. Дури трет беше кошаркар на домаќините и тоа Карис ЛеВерт со 20.

Торонто победничката низа ја почна на 16 јануари со победата на гости кај Оклахома, а потоа следуваа триумфи над Вашингтон, Минесота (2), Атланта (2), Филаделфија, Њујорк, Сан Антонио, Кливленд, Детроит, Чикаго, Индијана (2) и Бруклин. Токму последниот успеа во вториот обид да ги совлада Канаѓаните.

Лејкерс триумфираа на гости кај Денвер, а Леброн Џејмс запиша трипл-дабл. Со 33 поени најефикасен беше Ентони Дејвис, додека Леброн постигна поен помалку, 12 скокови и 14 асистенции. Исто толку поени постигна и домашниот кошаркар Џамал Мареј.

Резултати:
Кливленд Кавалирс - Атланта Хокс 127:105
Орландо Меџик - Детроит Пистонс 116:112 (прод.)
Бруклин Нетс - Торонто Репторс 101:91
Индијана Пејсерс - Милвоки Бакс 118:111
Њујорк Никс - Вашингтон Визардс 96:114
Мемфис Гризлис - Портланд Треил Блејзерс 111:104
Минесота Тимбервулвс - Шарлот Хорнетс 108:115
Далас Маверикс - Сакраменто Кингс 130:111
Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс 112:106
Јута Џез - Мајами Хит 116:101
Денвер Нагетс - Лос Анџелес Лејкерс 116:120 (прод.)

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе