Брутален старт му ја заврши сезоната на Бојан Миовски

Филип Здравески
/ 25.05.2023 / 08:47

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски синоќа ја заврши сезоната. Голгетерот на шкотски Абердин беше жртва на брутален старт на 18-годишниот Тиери Смол, во 30-тата минута од дуелот против Сент Мирен.

И покрај бруталноста на стартот на Смол, на шкотскиот судија му  беше поотребен ВАР за да му даде директен цфрвен картон.

URL

Абердин и Миовски се огласија по натпреварот. Добра вест е дека нема никаква скршеница, а магнетната резонанца ќе покаже колкав е степенот на повредата на лигаментите.

„За жал, предвреме ја завршив сезоната со повреда на зглобот, добрата вест е дека нема скршеница, утре ќе имам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам посилен“, порача Миовски на Instagram.

Повредата ќе му донесе главоболки на селекторот Благоја Миовски бидејќи многу веројатно дека Миовски нема да биде во конкуренција за јунските ЕУРО 2024 квалификации. Македонија на 16 јуни прво игра дома со Украина, а три дена подоцна ѝ гостува на Англија на „Олд Трафорд“.

Неговиот клуб Абердин со синоќешната победа си обезбеди излез во Европа - ќе игра во квалификациите за пласман во Европа конференциската лига.

реклама

Фудбал

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Read more

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more
 

Спорт

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе