Едноставните шпагети во кремаст сос со печурки и беби спанаќ се идеални за брза вечера или ручек.
Потребни состојки:
- 200 гр шпагети
- 2 чешниња лук
- 150 гр шампињони
- прстофат бибер
- прстофат сол
- прстофат мелена пипер
- 200 гр беби спанаќ
- 50 мл павлака за готвење
- 100 гр пармезан
- путер
Подготовка:
Најпрво сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето, процедете ги и оставете ги во тавата. Во меѓувреме, ситно исечкајте го лукот и пропржете го на путер, па додадете ги шампињоните кои претходно сте ги измиле, исчистиле и исечкале и пропржете додека не поруменат. Истурете ги зачините и измешајте.
Потоа додадете го беби спанаќот и продолжете со пржење. Истурете ја павлаката за готвење и динстајте 2 минути. Со сосот додадете го ренданиот пармезан и измешајте.
Кога сосот е готов, додадете ги сварените шпагети и промешајте. Послужете и уживајте.