Брзината на пешачење е поврзана со ризикот од срцева слабост

А.С.
/ 27.01.2022 / 15:17

Луѓето се делат според безброј карактеристики, а една од поделбите е на брзи и бавни пешаци.

Бавните луѓе не можат да ги разберат луѓето кои јурат по улица, дури и кога не мора брзо да стигнат никаде, а брзите пешаци ги лути кога некој се влече пред нив и се обидуваат да го заобиколат таквиот пешак веднаш штом им се укаже можност.

Брзината на одење, иако е прашање на лична преференца, влијае на здравјето на луѓето, според една неодамнешна студија на научниците од Универзитетот Браун во Род Ајленд. Тие го следеа здравјето на 25.000 жени на возраст над 50 години кои дадоа сопствена проценка за нивната брзина на одење.

Жените кои тврделе дека одат со „просечно“ темпо, помеѓу 3,2 и 4,8 километри на час, имале 27 отсто помала веројатност да страдаат од срцева слабост отколку оние кои одат побавно, а кои пријавиле просечна брзина на одење помала од 3,2 километри на час.

Жените со најбрзо одење, над 4,8 километри на час, се соочуваат со 34 отсто помал ризик од срцева слабост.

Што е срцева слабост?

Кога срцевиот мускул станува премногу слаб или вкочанет и затоа посилно пумпа крв, тој обично не може да се излечи. Сепак, состојбата може да се контролира со промени во животниот стил, лекови или операција.

Истражувачите велат дека брзите пешаци би можеле да бидат физички поспремни и да имаат подобро кардиоваскуларно здравје. Водечкиот автор на студијата, д-р Чарлс Итон, рече дека ова откритие покажува дека темпото на одење е показател за здравјето на срцето.

„Оваа студија потврдува и други студии кои ја покажуваат важноста на брзината на одење за смртност и други кардиоваскуларни исходи. Имајќи предвид дека ограниченото време за вежбање често се издвојува како пречка за редовна физичка активност, побрзото одење, но во пократко време, може да има слични здравствени придобивки како препорачаните 150 минути неделно умерена физичка активност“.

Студијата може да помогне да се идентификуваат оние кои се изложени на поголем ризик од срцева слабост со мерење на нивното темпо на одење и би можеле да имаат корист од зголемената кондиција и толеранцијата за вежбање, додаваат истражувачите.

Тагови
реклама

Зошто почна да паѓа вредноста на доларот?

Read more

Дали Путин ја прави истата грешка поради која Хитлер ја загуби војната?

Read more

Секс во вселената – една од најтешките задачи на НАСА

Read more

Пет причини зошто треба почесто да имате секс

Read more

Фит

Како правилно да трчате во лето?

Read more

Зошто јајцата се одлична храна за слабеење?

Read more

Шест навики што ви прават саботажа на тренингот

Read more

Како пиењето вода помага во намалувањето килограми?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

На кои светски атракции најмногу се жалат туристите?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да имате секс

Читај повеќе

Како правилно да трчате во лето?

Читај повеќе

Олена Зеленска: Никој нема да ми го одземе сопругот, па ни војната

Читај повеќе

Знаци дека се однесувате како да сте му мајка, а не партнерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Совети за почетници: Како да зготвите риба?

Читај повеќе

Пет моќни навики со кои ќе станете успешен лидер

Читај повеќе
Седум совети како да спиете подобро

Седум совети како да спиете подобро

Читај повеќе

Пет знаци на кои животот радикално ќе им се смени во наредната недела

Читај повеќе