Се подготвува брзо и лесно.
Идеален рецепт за зимските денови. Може да додадете овошје или крем-банани во филот.
Состојки:
Кора
3 поголеми јајца
3 лажици шеќер
3 лажици брашно
За филот
5 дл. млеко
3 лажици шеќер
1 кесичка пудинг од ванила
100 гр. бела чоколада
1 лажичка маргарин
Начин на подготовка:
За кората
Изматете ги јајцата со шеќерот за да добиете пенлива смеса, додајте брашно и лесно промештајте додека смесата се изедначи.
Истурете во подмачкано таквче 35х25 сантиметри и печете на 200 степени.
Печената кора превртете ја на влажна крпа, замотајте ја и оставете ја да се излади.
За филот
Одвојте малку млеко, па во него изматете прав за пудинг. Остатокот од млекото заедно со шеќерот оставете го да зоврие, па додајте го пудингот и варете со непрекинато мешање додека да се згусне.
Додајте ја и искршената чоколада и мешајте додека да се стопи. Измешајте маргарин, изладете ја смесата, па матете кратко со миксер.
Премачкајте ја кората со половина од филот и замотајте ја во ролат.
Со остатокот од филот премачкајте го целиот ролат и по декорирајте по ваша желба.