Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Северна Македонија

Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот Ѓуешево-Дупница.

Фото: Агенция „Пътна инфраструктура“

Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој се наоѓа трасата на автопатот „Струма“ и границата со Република Северна Македонија. Оваа траса е дел од главната TEN-T мрежа. Се очекува автопатот да биде во должина од околу 62 километра.

Изградбата на новиот автопат, што е удвојување на дел од патиштата во Бугарија во регионот I-6 Ѓуешево-Ќустендил и II-62 Ќустендил-Дупница, ќе обезбеди брз, удобен и безбеден транспорт на луѓе и стоки, како и директна врска на градот Дупница со магистралниот пат „Струма“ и целата автопатска мрежа во околината.

Со спроведувањето на јавната набавка во фазата на идејно проектирање, ќе бидат разгледани алтернативни решенија за реализација на трасата помеѓу граничната точка „Ѓуешево“ и автопатот „Струма“, со проектна брзина од 120 км/ч и габарит Г27, по што ќе се пристапи кон спроведување на соодветните еколошки процедури.

По одлука на надлежниот орган за животна средина, ќе може да се премине на изработка на техничкиот проект за одобрената траса, вклучително и проект за Детален развоен план. Проценетата вредност за реализација на договорот за јавниот проект е 3,1 милиони лева (1,6 милиони евра) без ДДВ, а средствата се од буџетот на Бугарската владина агенција за инфраструктура. Терминот за изработка на проектот е 150 календарски дена од датумот на склучување на договорот и го вклучува само времето на проектирање.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе