Бугарија спречила 50.000 руски хакерски напади од почетокот на војната во Украина

Заменик министерот за внатрешни работи на неформален состанок на Советот „Правосудство и внатрешни работи“ презентираше податоци за хакерски напади.

Од почетокот на војната во Украина, Бугарија блокирала околу 50.000 IP адреси и 500 домени од Русија и Белорусија, од кои беа извршени обиди за хакерски напади. Ова го изјави заменик министерката за внатрешни работи Тања Рајчева на неформалниот состанок на Советот „Правосудство и внатрешни работи“.

На состанокот присуствуваа министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ и придружните земји - Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, како и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, извршните директори на Фронтекс, Европол, еу-ЛИСА и претставници на Генералниот секретаријат на Советот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Главна тема беше „Закани за внатрешната безбедност поради руската агресија во Украина“. Учествуваа и министрите за внатрешни работи на Украина и Молдавија.

Рајчева во својот говор истакна дека Бугарија е меѓу земјите-членки кои прифатиле најголем број бегалци од Украина и изрази поддршка за сите активности на ниво на ЕУ за зајакнување на оперативната соработка за поддршка на Украина и Молдавија.

Рајчева ја потврди подготвеноста на Бугарија за размена на информации и соработка за конкретни прашања, а како пример го посочи директниот контакт на раководителите на специјализираните единици за борба против компјутерскиот криминал во Бугарија и Украина.

„Се прават напори на национално ниво да се спротивстават на дезинформациите и лажните вести“, објасни таа.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе