Бугарска министерка: Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо

Софија, 27 ноември 2021 (МИА) – Привремената министерка за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, за БНТ коментира дека на денот на несреќата тргнала кон местото на несреќата на автопатот Струма, но разговарала со премиерот Стефан Јанев и тој ја советувал да не оди.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Комитова, која е експерт за противпожарна заштита на објекти, има нешто многу чудно, а тоа е што пожарот избувнал и многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи.

– Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи немало време да се реагира, додаде Комитова.

Таа посочува дека, околу нас има многу експлозивни елементи.

-Пожарот во автобусот на „Беса транс“ зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време за реакција од патниците. Се добива впечаток дека возачот не се обидел да излезе од автобусот, иако тој имал најмногу време да се евакуира од автобусот. Возачот го познавал овој пат, бидејќи патувал секоја недела. За жал, извештајот од увидот на патот не е завршен, појасни бугарската министерка.

Безбедносната ограда на патот, вели Комитова, е направена по проект од 2002 година, што не значи дека е надвор од нормите, додавајќи дека во времето кога е направена била според правилата. Таа признава дека не претпоставувала дека автопатот „Струма“ е во таква состојба и дека несреќата ја отворила темата.

Комитова рече дека ќе се обидат да ја сменат брзината и обележувањето на патот, како и да ја натераат  фирмата, кој е одговорна за тоа, побрзо да заврши со проектот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе