Упорноста понекогаш навистина се исплати - тоа го докажа бугарскиот програмер Љубомир Владимиров.
Имено, Владимиров преку својот Twitter профил го праша Илон Маск дали може да ги искористи неговиот лик и лого за видеоиграта на која работи.
Заплетот на видеоиграта се темели на компанијата на Маск SpaceX и планот за колонизација на Марс, каде Маск би бил еден од ликовите.
„Јас сум развивач на видеоигри и во моментов работам на една игра во која сте Вие и SpaceX. Ако мислите дека е во ред, сè што ми треба е вашата потврда дека можам да ги користам вашето име и лого. Ќе го објавувам ова цела година, секој ден, сè додека не добијам одговор. 154/365 “, напиша меѓу другото Владимиров во неговата 154-та објава.
По 22 недели, или 154 дена, Маск конечно му одговори.
„Можеш да ги украдеш името/логоата и веројатно нема да те тужиме“, напиша Маск во свој стил.
По ова соопштение од Маск, Владимиров одговори „Добро, тогаш ќе се вратам на работа“, но тој исто така рече дека ќе му плати 80% од профитот доколку видеоиграта е навистина успешна.
На што работи Владимиров можете да видите ТУКА.