УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Бугарскиот селектор задоволен од ЛН жребот, атакува на прво место

Јасен Петров е задоволен што неговата Бугарија за противници во Лигата на нации ги доби Македонија, Грузија и Гибралтар.

Фото: Труд.бг

Реакции на вчерашната жрепка за новата сезона од Лигата на нации дојде и од нашиот источен сосед каде тамошниот селектор Јасен Петров изрази задоволство од добиените противници, но и напомена дека бугарскиот репрезентативен фудбал, согласно очајните резултати во последната деценија, не е во ситуација да потценува никој.

„Жрепката што ја добивме според мене е исклучително добра. Не треба да потценуваме ниту еден од противниците, бидејќи не сме во таква позиција. Задоволни сме, нашата цел е да бидеме први во групата“, вели тој.

Проблем, како за Бугарија, така и за останатите репрезентации, е тоа што УЕФА одлучи во јуни да се играат дури четири натпревари еден по друг, небаре некој мини-турнир.

„Имаме почит за секој противник и ќе треба да се подготвиме на најдобар можен начин. Ќе играме четири натпревари еден по друг, што за нас ќе биде предизвик, но ние сме подготвени за сѐ“, додаде Петров.

Денеска УЕФА го објави и распоредот на натпревари, а токму во првотро коло Бугарија ќе ја пречека Македонија, натпревар кој согласно политичките односи помеѓу двете земји - ќе претставува дерби кое никој не би сакал да го загуби. Воедно, двете репрезентации ќе се сретнат и во полседното коло во Скопје, натпревар кој може и да биде решавачки за изгледот на табелата:

Распоред на натпревари:

2 јуни: Бугарија - Македонија (20:45)

5 јуни: Гибралтар - Македонија (18:00)

9 јуни: Македонија - Грузија (20:45)

12 јуни: Македонија - Гибралтар (18:00)

23 септември: Грузија - Македонија (18:00)

26 септември: Македонија - Бугарија (20:45)

Синоќа своето мислење до даде и нашиот селектор Благоја Милевски.

Македонија и Бугарија досега се имаат сретнато дури 7 пати, но секогаш на пријателски натпревари. Имаме 2 победи, Бугарите имаат 4, а 1 натпревар, овој првиот од 1995 година, завршил нерешено.

1995: Македонија - Бугарија 0:0
1996: Бугарија - Македонија 3:0
1998: Македонија - Бугарија 1:0
2001: Бугарија - Македонија 1:0
2006: Македонија - Бугарија 0:1
2013: Македонија - Бугарија 2:0
2016: Македонија - Бугарија 0:2

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе