Бугарските служби работат: Страници што треба да ги отследите

Бугарската пропаганда во Македонија од ден на ден зема сѐ поголем и поголем замав. На социјалните мрежи никнуваат разни страници со навидум македонска содржина, но зад нив се кријат бугарските служби чија цел е перење на мозокот на свесното македонско население.

Откако добропознатата Фондация Македония веќе сите ја „прочитаа“ што сака и повеќе не добива внимание, сега Бугарите се свртеа кон создавање страници со содржина на македонски јазик, кои наликуваат на македонски патриотски, со таа разлика што се сѐ само не тоа, напротив, пропагандистички.

За сите долунаведени страници ќе приметите дека насекаде ја има црвено-црвата боја, што не е случајно одбрана оти целта е историското ВМРО да го изедначат со бугарската идеја. Игра на потсвеста.

А, сега, подолу ќе разгледаме некои од бугарските страници Instagram, листа која ја составивме во соработка со Македонска Држава, Instagram профил кој шири здрав патриотизам и кој треба да го заследите наместо овие бугарските.

Една таква страница на Instagram се потпишува како revolucionerni.pesni и вели дека „единствено на нашиот профил може да слушате револуционерни песни кои се оргинални и без цензура од комунистичките власти“. Пазете го последното: без цензура од комунистичките власти! Ах тие комунисти, пак се виновни за македонизмот. Ама затоа ќе ви сервираат бугарска цензура, нормално, без да ви кажат за тоа.

Потоа тука е страницата ВЕСТИМАК.МК која ве кани „добијте ги најновите вести од Македонија и светот со ВЕСТИМАК.МК“. Навидум обична информативна страница кој од Instagram ќе се однесе до веб-страницата каде во делот #колумни ќе ја прочитата целата бугарска пропагандна машинерија. Така, меѓу кулумните има такви „Србизирани Албанци“ и „Македонските тетки-историучарки и улогата на четирите проклети букви“.

Instagram Аналитичарот вели дека се занимава со политика, ултраси, армија, географија, историја - македонска идеологија. Арно ама, во секој пост успева да додаде бугарски зачин, па лесно е да го прочитате што меѓу редови сака.

Македонски Комита - уште еден бугарашки профил кој ви порачува „Боже пази Македония!“ Помеѓу македонските револуционери ќе најдете и некој залутан, како на пример Васил Левски. Овој комита е сѐ само не македонски!

Македонска Правда наводно на Instagram се залага за патриотизам, правиславие, традиција, историја, но потајно се надева да се убеди дека сте Бугари. Неговиот последен пост „Удбашки Македонизам“ ќе се обиде да ви објасни една романтична историја за комунистичката омраза кон Бугарија и комплексите на денешните Македонци.

Малешевски Контрачетник се декларира како православен христијанин и контрачетник-бунтовник. Тој сака сите Блгари да бидат заедно и преку неговите објави цели да ве разбуди од комунистичко-удбашкиот сон во кој сте заспалае и сте се разбудиле како Македонци.

Постојат и уште, но се неактивни или со следбеници кои не бројат ниту 100, па не вреди да ги спомнуваме. Но, ако се активираат...

И, нормално, ако сѐ уште не сте ја отследиле Фондация Македония, не заборавајте тоа да го направите уште денеска:

реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Кој ќе може да аплицира за „1.000 денари месечно за струја“?

Read more

Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Теми и коментари

Божиќ или Божик?

Read more

Бугарските служби работат: Страници што треба да ги отследите

Read more

Зошто мора да потфрламе во наједноставните работи?

Read more

За турскиот „пиштолџија“, големите машки победи и бришењето на жените од историјата

Read more
 

Ново

Италија се откажа од Starlink поради Маск

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

Читај повеќе
  • play_arrow

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Читај повеќе

Забрана за користење на дронови на неколку локации во Скопје, соопшти МВР

Читај повеќе

Детали за пукањето во Прилеп: Напаѓачот подолг период ја демнел вработената во Центарот за социјални работи

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадеме јагоди секој ден?

Читај повеќе

Трамп најави нови царини за Венецуела: Пратија илјадници криминалци во Америка

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе