Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, македонскиот министер Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово, соопшти Министерството за надворешни работи. Планот е во насока на постигнување траен мир и стабилност на северот на Косово и враќање на косовските Срби во институциите и демократските процеси.

Како чекор I, планот превидува Косово и Србија да ја реафирмираат посветеноста кон основниот договор и Охридскиот протокол.

Чекор II, Косово да ги повлече специјалните полициски сили, а Србија да ја намали борбената готовност на вооружените сили.

Чекор III, на полицијата на Косово, заедно со силите на КФОР и ЕУЛЕКС, да им се овозможи во целост да се грижат за редот и безбедноста на земјата.

Чекор IV, протестите да се откажат и да се стават во функција општинските функции и услуги, за нормално функционирање на општествениот живот, и воедно им се дозволува пристап на вработените во општините.

Чекор V, градоначалниците да поднесат оставки до летото оваа година, отворајќи го патот за предвремени општински избори.

Чекор VI, предвремени општински избори да се одржат оваа година.

Чекор VII, ОБСЕ ќе го поддржи изборниот процес, преку техничка поддршка на косовските власти кои ќе ги организираат изборите, зајакнувајќи ја со тоа довербата меѓу заедниците.

Чекор VIII, ОБСЕ ќе ги ангажира младите во програмите и процесите за помирување.

Чекор IX, ОБСЕ ќе ги стави своите капацитети на располагање за поддршка на имплементацијата со добра волја од двете страни на договорените одредби и продолжување на дијалогот.

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Регион

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Read more

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Read more

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Read more

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе