„Букер“ за најдобар роман на англиски јазик доби Шкотланѓанец

Наградата „Букер“ за најдобар роман на англиски јазик годинава ја доби Шкотланѓанецот Даглас Стјуарт (44) за романот „Shuggie Bein“.

Ова е негов прв роман и е заснован на вистински настани од детството на авторот – раскажува за животот на едно момче кое се обидува да ја одврати својата мајка од алкохолизм, во сиромашниот дел на Глазгов во 1980-те години.

Стујарт е втор Шкотланѓанец кој ја добива престижната награда „Букер“. Доделувањето беше синоќа во Лондон. На онлајн настанот учествуваа жената на принцот Чарлс, Камила, поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и лауреатите на наградата од минатите години Маргарет Етвуд, Бернардин Еваристо и Кадзуо Исигуро.

За литературната критичарка и член на жирото, Маргарет Басби, романот на Стујарт е понесувачки, трогателен и дава прецизен живопис на портрети на луѓе со нивните интереси и вредности.

– Напишан елегантно и моќно, ова е роман кој влијае на нас и не тера да се соживееме со хероите, благодарејќи на мноштвото емоционални регистри, изјави Басби на доделувањето на наградата. 

За наградата „Букер“ годинава се бореа книгите „Burnt Sugar“ на Евнила Доши, „This Mournable Body“ на Цици Дангарембги, „The New Wilderness“ на Дајан Кук,  „Real Life“ на Брендон Тејлор и „The Shadow King“ на Маази Менгисте.

Наградата се врачува од 1969 година, но од неодамна почна да се доделува за дела на англиски јазик неависно од местото на жителството на авторот. На својот Twitter профил Стујарт има забележено дека живее во Њујорк.

Тагови
реклама

Како изгледаат првите Viber стикери со македонски знаковен јазик?

Read more

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Read more

Русија официјално ги прогласи САД и Чешка за непријателски држави

Read more

Какви промени да очекувате ако трчате редовно цел месец?

Read more

Книги

Како да ја развиете читачката способност кај децата?

Read more

Џ.К. Роулинг ја најави својата нова книга

Read more

Резиденции за книжевни преведувачи од македонски јазик

Read more

„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е „Роман на годината“

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Какви промени да очекувате ако трчате редовно цел месец?

Читај повеќе
  • play_arrow

За меки стапала - домашен спа педикир со две состојки

Читај повеќе
  • play_arrow

Принц Хари: Стисни заби и заврши си ги должностите? Не го сакав тоа

Читај повеќе

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Читај повеќе
  • play_arrow

Лосос на три начини

Читај повеќе

Кои се протоколите и условите за патување и престој во Грција?

Читај повеќе

Зголемувањето на дозата на антибиотици може да „зајакне“ некои бактерии

Читај повеќе
  • play_arrow

Мислиш дека ги знаеш најпознатите лого дизајни?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да му пристапите на куче на безбеден начин?

Читај повеќе