Бунтовниот Маск ја отвори фабриката на Tesla во Калифорнија наспроти наредбите на властите

Tesla завчера ги отвори вратите на фабриката за електрични автомобили во Калифорнија, наспроти наредбите на локалните власти да не се рестартира производството.

Главниот извршен директор Елон Маск преку Twitter соопшти дека продолжиле со производство и дека тој ќе биде во погоните „заедно со сите други“.

Федералните и локалните власти во САД се обидуваат да одлучат кој е најдобриот начин да се рестартира работата на компаниите по олабавувањето на рестриктивните мерки воведени за заштита од коронавирусот.

Маск претходно вети дека ќе го премести седиштето на компанијата од Калифорнија ако не му биде дозволено да ја рестартира фабриката.

Сојузната држава Калифорнија воведе олабавување на мерките и дозволи рестартирање на производството, но локалните власти во Фримонт, Аламеда каде се наоѓа фабриката, уште немаат дадено дозвола за работење. Градот се наоѓа во близина на Сан Франциско.

URL

Во саботата Маск соопшти дека Tesla поднела тужба против округот Аламеда со барање да се укине наредбата со која автопроизводителот се спречува да продолжи со производство.

Наместо да чека одлука од судот, Маск се пофали дека ја отвора фабриката.

Според e-mail од Tesla до вработените, до кој дојде новинската агенција Reuters, компанијата им кажала на работниците дека одлуката да се продолжи со работа е во согласност со препораките на државата Калифорнија.

Маск на Twitter се пожали дека Tesla е „издвоена“ и дека другите американски автопроизводители добиле дозвола да продолжат со производство.

Во понеделникот беше соопштено дека Tesla стана прва компанија во историјата на автомобилската индустрија која успеала да продаде милион електрични возила ширум светот.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе