ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Бускетс за елиминацијата: Тешка вечер, но ќе ни послужи како лекција

На Серхио Бускетс многу тешко му падна поразот на шпанската репрезентација од Мароко во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Шпанците загубија на пенали и не успеаја да се пласираат во четвртфиналето.

„Штета што сè беше решено на пенали на најсуров начин. Беше тешко, нè чинеше многу, се обидовме да ги истрошиме, да најдеме простор… немавме доволно среќа со последното додавање. Сега е важна репрезентацијата, не јас. Тешка вечер, но ќе послужи како лекција за нашиот фудбал. Имаме многу млади играчи кои можат да ѝ помогнат на репрезентацијата и треба да продолжиме во истиот дух“, изјави капитенот на „Црвената фурија“.

Многу веројатно дека за 34-годишниот Бускетс ова беше последен мундијалски настап со оглед на тоа што на наредниот Мундијал ќе има неполни 38 години (Мундијалот 2026 ќе биде во јуни и јули, а него роденден му е на 16 јули). Во оваа шпанска репрезентација тој беше последниот претставник од генерацијата која во 2010 се искачи на светскиот трон.

Мароко, за кого ова е историски успех, во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе се соочи со уште една пиринејска репрезентација, Португалија на 10 декември.

реклама

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе