Cамостојна изложба на Анита Огњановска

Изложбата насловена „Во спокој“ е деветта самостојна изложба на Анита Огњановска, чие отворање ќе се одржи на денеска (5 март), со почеток во 20:00 часот, во двата изложбени салони, „Империјал 1“ и „Империјал 2“, во Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје.

Огњановска повторно се претставува пред македонската публика со нов циклус дела кои истражуваат теми како личните емоции, секојдневните моменти и симболиката на деталите кои носат длабока значајност. На изложбата ќе бидат претставени околу 40 дела, главно изработени во голем формат, со техники како масло, ладен восок, акрил и комбинирана техника на платно.

Изборот на делата за оваа изложба е направен од професорот Костадин Танчев-Динка, познат графичар, графички дизајнер и сликар. Осврт на творештвото на Анита Огњановска ќе направи професорот Владимир Мартиновски – истакнат поет, есеист и книжевен преведувач. Дополнително, поетесата Ана Бунтеска напиша песна насловена „Во спокој“, инспирирана од сликите кои ќе бидат дел од оваа изложба, и истата ќе биде претставена на отворањето.

Концептот на изложбата „Во спокој“

Огњановска ги претставува своите дела како метафори за животот – навидум едноставен, но исполнет со слоеви комплексни емоции и искуства. Нејзините апстрактни композиции ја истражуваат интеракцијата помеѓу бојата и текстурата, создавајќи хармонија која ги повикува гледачите да откријат скриени значења под површината. Текстурите ја симболизираат слоевитоста на времето и искуствата, додека хоризонтите се прикажани како симбол на надеж и бесконечни можности.

Огњановска вели дека нејзините дела содржат елементи на охрабрување – потсетници дека под хаосот постои ред, а под немирот – спокој. Во нив таа ги истражува љубовта и страста како движечки сили на креативноста, но и теми како надминување лични стравови и пронаоѓање внатрешна храброст.

За Анита Огњановска

Анита Огњановска е ликовен уметник од Скопје со над 15 години искуство. Покрај самостојните изложби во Македонија, Хрватска и Данска, нејзините дела биле дел од групни изложби во Шпанија, Италија, Косово, Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Франција, Данска и Австралија. Таа активно учествува на уметнички симпозиуми и колонии низ светот, што придонесува за збогатување на нејзината уметничка визија. Учеството на значајни настани како Salon d’Automne и Salon de Beauxarts во Париз и изложбите KUNST FOR ALLE во Копенхаген и Архус ја потврдуваат нејзината растечка препознатливост во светот на современата уметност. Нејзините дела се застапени во галерии во Данска, Грција и Австралија и се дел од приватни колекции ширум светот.

Тагови
реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Култура

Објавени конкурсите за државните награди 11 Oктомври и 22 Ноември за 2025 година

Read more

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2025 година

Read more

Румена Бужаровска: „Тони“ за неколку месеци го доживува третото издание

Read more

„Клинци“ по седми пат вечерва во Europe House во Скопје

Read more
 

Вести

Лондон и Париз разговараат за признавање на палестинската држава

Читај повеќе

Financial Times: Договорот за минерали меѓу САД и Украина повторно е пред колапс

Читај повеќе

Објавени конкурсите за државните награди 11 Oктомври и 22 Ноември за 2025 година

Читај повеќе

Третата најголема партија во Бугарија потпиша соработка со партијата на Путин

Читај повеќе

Левица и оваа година со поддршка за првомајските протести

Читај повеќе

Таравари: Ме радува спојувањето на ВЛЕН, им посакувам успех

Читај повеќе

Драстичен скок во приходите на норвешкиот енергетски гигант Equinor

Читај повеќе

Украинците прогласија победа во една од клучните битки

Читај повеќе

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Читај повеќе