Casio претстави модерна верзија на првиот дигитален часовник G-Shock

Поминаа 41 година откако Casio го претстави својот прв дигитален часовник G-Shock, а сега најновиот модел на компанијата ја претставува најверната модерна верзија на оригиналот досега.

Станува збор за моделот G-Shock DW-5000R, кој визуелно е речиси идентичен со оригиналниот модел DW-5000C, кој се појави далечната 1983 година.

Солидната привлечност на DW-5000C предизвикува носталгија и претставуваше нов концепт кога првпат се појави. Неговиот креатор, инженерот на Casio, Кикуо Ајбе, бил инспириран да создаде часовник отпорен на оштетување откако неговиот механички часовник бил уништен кога му паднал од рака. Резултатот беше G-Shock дизајн со отпор „тројно 10“, што всушност значеше десетгодишно траење на батеријата, отпорност на вода при притисок од 10 бари и „преживување“ на пад од 10 метри. G-Shock стана еден од најлегендарните брендови во светот, тесно поврзан со културата на уличната облека.

Во соопштението, Casio рече дека DW-5000R е „повисоко ниво на репродукција“ од некои претходни реизданија продадени во ограничени количини, што сугерира дека овој модел може да стане дел од постојаната линија G-Shock. Сепак, постојат и неколку разлики. Куќиштето е зголемено од 41,6 на 42,3 mm, копчињата се пократки од оригиналниот модел, а водоотпорноста е 20 бари наместо 200 M.

Некои спецификации се модернизирани, вклучувајќи го позадинското LED осветлување и употребата на „пластика од биомаса“ за рамката и нараквицата, за да се намали влијанието врз животната средина. Куќиштето сепак е изработено од нерѓосувачки челик и ги има очекуваните карактеристики, стоперица, повеќефункционален аларм и дисплеј на календарот.

G-Shock DW-5000R ќе биде достапен на пазарот во Јапонија од 13 декември по цена од околу 217 долари.

Засега нема информации за пристигнување на светскиот пазар.

Тагови
реклама

Стил

Каде е, што прави „најзгодниот затвореник во светот“?

Read more

Лорен Санчес со деколтето крадеше погледи во Кан: Блесна во тесен фустан

Read more

Кои ѕвезди не го прекршија кодексот на црвениот тепих во Кан?

Read more

Енди Мекдауел одржа лекција по стил на Кански филмски фестивал

Read more
 

Магазин

Говорот на телото може многу да открие: Како да препознаете дали партнерот ве лаже?

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Читај повеќе

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Читај повеќе

Светски ден на чоколадото: Објавена мапа на земјите според потрошувачката, како стои Македонија?

Читај повеќе

Кое е најлошото време за наводнување на градината во лето?

Читај повеќе

Една состојка може да ја спаси вашата градина од суша

Читај повеќе

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Читај повеќе

Колкав коефициент на интелигенција има просечниот Македонец?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како може да ви украдат пари од банкомат?

Читај повеќе