CAT техника - сигурен пат до женски оргазам

Класичните секс пози честопати се недоволно стимулативни за жените.

Женското тело е нешто покомплицирано од машкото и на жените им е потребна дополнителна стимулација за да достигнат оргазам.

Стандардните пози, како мисионерската, честопати не доведуваат до оргазам за жените. Многу студии покажуваат дека неможноста да се постигне женски оргазам за време на класичната пенетрација не е резултат на сексуална дисфункција, туку на „неефикасни техники на интимен однос“.

Со други зборови, оргазми може да се случат, а сексот може да биде подобар - ако го правите тоа на вистински начин.

Во овој поглед, таканаречената CAT техника може да биде одличен начин за истражување - дали оргазмите за време на класичен однос (продирање на пенисот во вагината) се воопшто за вас.

Која е техниката CAT?

Името CAT потекнува од англискиот израз coital alignment technique. Создадена е како варијанта на мисионерската поза, а нејзината главна цел е максимално стимулирање на клиторисот.

Студија од 2017 година објавена во Archive of Sexual Behavior, покажа дека стимулацијата на клиторисот е неопходна за да се постигне оргазам кај повеќето жени и дека оралниот секс е најефективниот начин да се постигне тоа.

Најпотребно за да се постигне оргазам е постојаното задоволство, поблага стимулација на клиторисот и техники кои се фокусираат на негова стимулација. Имајќи предвид дека класичното продирање на пенисот во вагината не ја прави стимулацијата на клиторисот приоритет, оваа техника се смета за неефикасна за постигнување женско задоволство.

Затоа, техниката CAT е буквално дизајнирана со цел обичните и удобни сексуални пози да предизвикаат подеднакво задоволство и кај двајцата партнери. Самата техника е создадена во 1992 година, а нејзин творец е Едвард Ешел.

Која е позата за CAT?

Во суштина, позата е концентрирана на стимулирање на вулвата и се одвива на таков начин што партнерот, кој е горе, се намести во таква положба што срамната коска или коренот на пенисот налегнуваат директно на клиторисот на партнерката, која е долу.

Започнувате во стандардна мисионерска поза. Разликата е во тоа што партнерите цврсто се припиваат, а мажот се движи буквално лизгајќи се нагоре-надолу врз партнерката и со тоа ѝ го стимулира клиторисот. Значи, наместо да инсистираме на пенетрација и длабочина на пенетрација, масажата на клиторисот е поважна од тоа.

Можеби ќе потрае некое време да се навикнете и да сфатите како правилно да ја примените оваа техника, но не се откажувајте! Истражувањата покажуваат дека паровите имале далеку повеќе заеднички оргазми по воведувањето на техниката CAT.

реклама

Ќе пукне ли? Русите распоредија војска, Америка испрати два воени брода

Read more

Се појави нов опасен тренд

Read more

Дали можете да пиете андол и аспирин откако сте примиле вакцина AstraZeneca?

Read more

Милијарда долари за да може Ever Given да излезе од Суецкиот Канал

Read more

Љубов и секс

Најдобри години за брак: Лавовите не се даваат до 38, Ракот рано скока во тавче

Read more

Најчестите женски сексуални фантазии

Read more

Зошто на пролет одеднаш почнувате да зрачите со сексапил?

Read more

Најдобрите секс пози за парови со силно либидо

Read more
 

Магазин

Направи сам: Природни маски за нега на лице

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледаа денес да беа живи: Елвис, Мерилин, Ленон, Дијана...

Читај повеќе

Јогуртот и кефирот прават чуда за имунитетот

Читај повеќе

Три работи во домот коишто треба почесто да ги чистите

Читај повеќе

Најдобри години за брак: Лавовите не се даваат до 38, Ракот рано скока во тавче

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги избелите забите на природен начин?

Читај повеќе

Истражување: Лекови базирани на антитела штитат од COVID-19

Читај повеќе

Сахара и Антарктик се послични отколку што мислиме

Читај повеќе

Боледувањето од британскиот сој не е толку тешко како што се стравуваше

Читај повеќе