Цените на половните автомобили во Германија рушат рекорди

Само минатата година просечната цена на половен автомобил во Германија се зголеми за приближно 3.000 евра.

Просечната цена на половен автомобил во Германија во септември достигна астрономска бројка од 23.196 евра.

Минатата година беше обележана со постојани земјотреси на светскиот автомобилски пазар. Не беше поштеден ниту најважниот пазар за автомобили во Европа - Германија.

Прво, со пандемијата на коронавирус и мерките што следеа, се чинеше дека индустријата ќе пропадне поради недостаток на купувачи на нови и половни автомобили.

Локалните салони за автомобили практично беа затворени со месеци. Од безбедносни причини, дури и декларираните поддржувачи на јавниот превоз масовно одлучија да се вратат во своите автомобили.

Во меѓувреме, се покажа дека купувањето нови автомобили не е толку едноставно, бидејќи поради пандемијата, многу производители имаат долги одложувања на производството, а покрај тоа, цените нагло се зголемија, исто така, поради новите закони кои ги ограничуваат количествата на штетни издувни гасови.

Половни автомобили

Бидејќи клиентите не можат лесно да добијат нови автомобили, потешко е да се збогуваат со нивните возила, а последицата на тоа е намалена понуда за неколку стотици илјади половни автомобили во споредба со претходните години и со многу поголема побарувачка од вообичаеното.

Ефектите е лесно да се предвидат - во Германија, цената на половните автомобили стана доста висока.

Додека претходните години, барем во текот на летните месеци, цените обично паѓаа, бидејќи потенцијалните купувачи трошеа пари за туристички патувања и забава, оваа година дури јули и август беа со рекордни цени на половните автомобили.

Според податоците собрани од AutoScout24, најголемиот огласувач за половни автомобили во Германија, просечната цена на користени автомобили во август изнесува 23.196 евра, што претставува зголемување од 250 евра во споредба со јулските резултати и неверојатен пораст од 3.000 евра во споредба со август 2020 година.

Најскапи електричните автомобили

Интересно е што и покрај мислењето дека луѓето, со оглед на тоа дека во изложбените салони има најголема понуда на електрични и хибридни автомобили, ќе се свртат кон бензин и дизел возила на пазарот на старо - се случи електричните автомобили најмногу да поскапат во последните месеци.

Просечната цена на користен електричен автомобил во август изнесуваше 35.573 евра, што претставува зголемување од 14,6%. од почетокот на 2021 година.

Од почетокот на годината, цените на хибридите се зголемија во просек за 8,5 проценти, на бензините за 7,6 проценти и на дизелот за помалку од 6 проценти.

Половните автомобили најскапи во Хамбург

Се разбира, таквите високи цени произлегуваат и од фактот дека германските купувачи на половни автомобили претпочитаат релативно нови, функционални и добро опремени автомобили.

Полошите, постарите или неисправните се извезуваат, главно во земјите на Балканот и Источна Европа.

На пример, големите дизелаши кои не ги исполнуваат сегашните стандарди за издувни гасови се релативно евтини, бидејќи не само што се оптоварени со високи даноци, туку не можете да возите со нив во центрите на многу германски градови.

Аналитичарите исто така забележаа дека нивото на цените не е исто во цела Германија - разликите се големи, на пример, просечната цена на користен автомобил во Хамбург е дури 24.715 евра, во Берлин 21.809 евра, додека во близина на Сарбрикен е „само“ 19.890 евра.

реклама

Холивудски џентлмен - Кијану Ривс никогаш не ги допира жените со кои се фотографира

Read more

Адел: Сакам да му објаснам на син ми зошто му го уништив целиот живот за мојата среќа

Read more

Ослободете се од висок крвен притисок: Исфрлете ги овие намирници од исхраната

Read more

Автомобилските клучеви имаат опција која ретко кој ја знае

Read more

Авто новости

Рекордна продажба на Porsche во првите 9 месеци

Read more

Кога е време за нови бришачи?

Read more

Ford го претстави редизајнираниот Focus

Read more

Хибридниот Honda HR-V наскоро пристигнува во Европа

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lamborghini Huracan Turbo или Kawasaki H2R - кој е побрз?

Читај повеќе

Рекордна продажба на Porsche во првите 9 месеци

Читај повеќе

Кога е време за нови бришачи?

Читај повеќе
  • filter

Ford го претстави редизајнираниот Focus

Читај повеќе
  • play_arrow

Хибридниот Honda HR-V наскоро пристигнува во Европа

Читај повеќе

Автомобилските клучеви имаат опција која ретко кој ја знае

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Врвен луксуз: Претставена четвртата генерација Lexus LX 600

Читај повеќе

Како да го заштитите автомобилот од кражба?

Читај повеќе

Дали знаете што сѐ може да направи вашиот автомобил?

Читај повеќе