Чад и пламен од моторот на авионот: Навреме откажан летот Чикаго-Сиетл

Макфакс
/ 28.05.2024 / 18:20

Екипажот на Airbus A320 на United Airlines мораше да се откаже од полетувањето откако регистрираше пожар во еден од моторите на авионот.

Airbus A320 N459UA на United Airlines требаше да го изврши летот на релација Чикаго (ORD) – Сиетл (SEA) во понеделникот на 27 мај. При приближувањето до пистата на аеродромот „О’Хара“, патниците и екипажот забележале црн чад околу левиот мотор.

Пилотите го откажаа полетувањето и го свртеа авионот назад кон терминалот.

На видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат голем број возила на итната помош околу самиот авион.

Сите 148 патници и петте членови на екипажот се неповредени, пренесе „Аеро тајм“.

Авиокомпанијата објави дека сите патници се префрлени на алтернативни летови до Сиетл и дека нема поголеми нарушувања во воздушниот сообраќај.

Пламенот и чадот од моторот наводно биле пријавени околу 14 часот. Федералната управа за авијација (ФАА) накратко ги забрани сите слетувања на аеродромот во Чикаго, а сообраќајот е повторно воспоставен во 14:45 часот по локално време.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Свет

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Read more

Медведев: Изјавата на Зеленски за можноста за размена на територии е глупост

Read more
 

Вести

Општина Аеродром започна со бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај деветтоодделенците

Читај повеќе

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Читај повеќе

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Читај повеќе

Центар и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Променливо облачно време со повремен локален снег претежно во планинските региони

Читај повеќе

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Читај повеќе

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетничка

Читај повеќе

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Читај повеќе