Чадиковски повторно избран за претседател на ЗНМ

Младен Чадиковски вчера на редовно годишно изборно собрание повторно е избран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

По преброените гласови, тој го доби потребното мнозинство и со убедлива разлика победи пред противкандидатите Марјан Николовски и Филијана Кока.

За Чадиковски гласаа 275 членови на ЗНМ, Николовски доби 119 гласа, додека Кока 53 гласови од членовите на ЗНМ. На денешното собранието присуствуваа 465 членови на ЗНМ.

Чадиковски изјави дека пред се е среќен и задоволен што новинарите денеска се обединија.

– Денеска направивме еден собир, да речам, најголем во историјата на македонското новинарство, каде што повеќе од 450 новинари, сниматели, медиумски работници, дојдоа демократски на фер начин да си го искажат своето мислење за тоа каде треба да се движи новинарството понатаму. И особено сум среќен и задоволен што сите заедно и тие што учествуваа на ова Собрание, значи конкурентите, и УО сето она што ќе значи дел од органите на ЗНМ во иднина ќе продолжи да работи на принципите на професионалност, на правда, етика во новинарството, со намера да го засилиме и зголемиме потенцијалот на македонските новинари, сниматели и сите медиумски работници, изјави новоизбраниот претседател на ЗНМ.

Тој нагласи дека новинарите мораат да работат за граѓаните на начин што тоа ќе значи во основа да ги почитуваат сите оние стандарди и принципи.

– Меѓутоа и не само тоа, се разбира и понатаму да продолжиме со фокус на граѓаните на сето она што се нивни проблеми. Зошто, затоа што само така подобро ќе влијаеме за да ги подобориме состојбите во ова општество.  Продолжуваме посилно, подобро да работиме во наредниот период, порача Чадиковски.

Додаде дека сите идеи од колегите, новинарите од медиумските работници се добредојдени. ЗНМ, подвлече, е отворено за сите, и ќе остане така и понатаму.

Членовите на ЗНМ вчера ги избираа и членовите во Управниот одбор, во Надзорниот одбор и членови во Советот на честа. Дваесет и четири кандидатури има за членови во Управниот одбор, девет за членови во Надзорниот одбор и 11 за членови во Советот на честа.

ЗНМ е здружение на професионални новинари основано на 17 февруари 1946 година во Скопје.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе