Чао Passat: Америка се збогува со лимузината на Volkswagen

Станува збор за модел кој е произведен во САД специјално за американскиот пазар.

Volkswagen Passat го достигна крајот на своето патување во Америка, откако германскиот производител на автомобили објави дека последниот примерок излегол од фабричката линија во Чатануга, Тенеси минатиот месец.

Последниот седан од овој погон беше Passat Limited Edition во платинесто сива нијанса.

Крајот на Passat во САД не е изненадување бидејќи Volkswagen минатата година откри дека ќе го прекине производството на овој модел во Америка.

Повеќе од 1,8 милиони Passat се продадени во САД од 1974 година, кога им беа понудени на клиентите. Секако, вреди да се напомене дека во оваа бројка е вклучена и продажбата на возила под ознаките Dasher и Quantum, кои VW ги користеше до 1990 година за Passat со американски спецификации.

Додека првите шест генерации на Passat за американскиот пазар беа произведени во Европа, седмата генерација на седан беше направена во Америка и беше конструирана специјално за северноамериканскиот пазар.

Седанот беше значително поголем од неговиот претходник и дизајниран да понуди „германски инженеринг и стил по конкурентна цена“, како што се рекламираше последниот Passat во САД.

Потрошувачите првично добро го прифатија автомобилот, па во 2012 година Volkswagen продаде 117.023 од овие возила во САД. Овој тренд беше краткотраен бидејќи Американците набрзо се „заљубија“ во кросовери и продажбата почна да опаѓа, така што во 2021 година на клиентите им беа испорачани само 24.396 единици.

Откако последниот Passat излезе од производствената лента, фабриката во Чатануга почна да се подготвува за производство на електричниот кросовер ID.4.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Read more
 

Автомобили

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе