Објавен е нов тизер за филмот „King Arthur: Legend of the Sword“, во режија на Гај Ричи. Премиерата е закажана за 12 март.
Авантуристичката драма е базирана според веќе познатата легенда за Екскалибур. Главните улоги ги толкуваат Чарли Ханам како крал Артур, Џад Лоу како Вортигерн и Астрид Берже-Фрисби како Гвеневир.
По убиството на таткото на Артур, круната ќе ја преземе неговиот чичко Вортигерн. Без да знае кој е, Артур тешко се снаоѓа во животот. Но, штом еднаш ќе го извлече мечот од каменот неговиот живот целосно се менува и тој ќе се обиде повторно да го земе тоа што му припаѓа.