Чави ентузијаст пред почетокот на сезоната

Барселона вечерва го игра последниот подготвителен натпревар пред новата сезона, а традиционално е пресметка за трофејот Жоан Гампер.

Противник овојпат ѝ е Пумас УНАМ со Дани Алвеш, 39-годишната легенда на Барса кој минатата сезона накратко се врати во клубот.

Тренерот Чави е полн со позитивни впечатоци од претсезонските натпревари и тренинзите и е презадоволен од кадарот што го има, вклучително и петте новајлии, поради што клубот мораше да заложи пари кои сè уште ги нема, односно да ги продаде телевизиските права однапред за да собере доволно за трансфери.

Полни со ентузијазам

„Тимот е многу добар, имам многу добро чувство кога ги гледам на тренинзите. Сите тренираат добро, тие се во добар ритам, турнејата низ Америка беше многу позитивна. Има многу ентузијазам, тоа се виде и на презентацијата на Левандовски, сите сме многу возбудени“, изјави Чави, а пренесува Marca.

Во однос на минатата сезона неговиот тим е засилен, освен со полскиот напаѓач, и со Рафиња, Франк Кесие, Андреас Кристенсен и Жил Кунде. Покрај тоа, клубот ги продолжи договорите со Усман Дембеле и Серхи Роберто.

„Целта на оваа сезона е да освојуваме титули и да играме добар фудбал. Сакаме да ги израдуваме луѓето затоа што тоа го заслужуваат“, најави Чави и покани што повеќе навивачи на натпреварот со Пумас, „генералката“ пред новата сезона, каде домашната публика ќе има можност за првпат во живо да го види новиот тим.

„Ни требаат луѓе, нивниот ентузијазам е клучен. После неколку години играње за Гампер без навивачи, ќе биде многу позитивно да се игра пред нив. Ќе се обидеме да ги направиме горди на тимот, да се забавуваме. Ќе дадеме сè од себе да бидат горди“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе