УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Чави: Прво заедно ќе ја гледаме Интер - Викторија

Предводникот на Барселова откри дека утре тој и неговите играчи заедно ќе го гледаат натпреварот помеѓу Интер и чешкиот шампион Викторија, пред да истрчаат на „Камп Ноу“ против Баерн.

Барселона се моли чешките фудбалери да направат изненадување среде Милано и ако не да победат, барем да извадат нерешено против Интер. Таков развој на настаните ќе ја врати Барселона во игра за второто место и пласман во нокаут-фазата, откако во двата дуела против Интер каталонскиот клуб ниту еднаш не победи (пораз и реми).

„Натпреварот ќе го гледаме заедно во соблекувалната“, откри Чави Ернандес, пренесува Mundo Deportivo.

Доколку Интер ја победи Викторија ќе има 10 бодови и ќе ја одржи разликата од три бода во однос на Барса дури и ако Каталонците го изненадат Баерн. Тоа ќе значи дека Интер на коло пред крајот ќе се пласира во нокаут-фазата бидејќи и да загуби во последното коло тимот од Милано има подобар меѓусебен скор со Барса и поради тоа последното коло ќе му биде неважно. Затоа и Барса се моли во шампионот од Плзењ, градот познат по чешката пиварница Plzeňský Prazdroj, интернационално позната како Pilsner Urquell.

„Утре нашата цел е да одиграме добар натпревар без разлика на резултатот на Интер. Треба да докажеме дека можеме да  се натпреваруваме со одредени противници“, додаде Чави.

Прашање е колку каталонскиот стратег ќе успее да ги мотивира своите фудбалери да одиграат одличен натпревар против баварскиот гигант доколку уште пред почетокот на натпреварот се знае дека се елиминирани.

Натпреварот Интер - Викторија се игра утре од 18:45 на „Џузепе  Меаца“, додека по него, од 21:00 следува Барселона - Баерн.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе