Чеферин: УЕФА и КОНМЕБОЛ ќе бојкорираат Мундијал на две години

Репрезентцаиите од Европа и Јужна Америка најверојатно ќе бојкотираат доколку ФИФА донесе одлука Мундијалите да се одржуваат на секои две години, наместо како досега на четири.

„Мундијал на секои две години би го уништило фудбалот“, рече за The Times претседателот на УЕФА, Словенецот Александер Чеферин. Потоа ги критикуваше челниците на ФИФА кои своите намери ги изразија без претходно да се консултираат со континенталните федерации.

Запрашан како УЕФА ќе се однесува доколку оваа идеја ФИФА одлучи да ја реализира, Чеферин одговори:

„Веројатно ќе донесе одлука да не учествуваме“.

Со ваквите ставови на УЕФА се согласува и КОНМЕБОЛ, од фудбалската конфедерација на Јужна Америка.

Во овие моменти Светската куќа на фудбалот го разгледува и предлогот на Саудиска Арабија за промена на календарот на натпреварување, уште една револуционерна идеја со која УЕФА не се согласува.

Се работи за тоа да нема повеќе репрезентативни натпревари расцепкани во неколку прозорци ширум годината, туку цел октомври да се игра репрезентативен фудбал, а потоа во мај или јуни.

„Фудбалските федерации од Европа се против вакви планови кои би им нанеле одгромна штета на домашните првенства, кои, пак, се темелот на фудбалската индустрија. Новите натпреварувања, обновени или проширени на клупско и репрезенттаивно ниво не се решение за моменталните проблеми на нашата игра која веќе се дави во пренатрупан календар“, соопшти УЕФА.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во средата најави дека постојат премногу бесмислени меѓународни натпреварувања и дека таквиот систем е нездрав за спортот, додавајќи дека новиот календар за фудбалските натпреварувања веројатно ќе биде воведен кон крајот на 2024 година, кога ќе заврши тековниот циклус.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе