Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Ф8 форматот на Лигата на шампионите нема да се повтори во иднина, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, велејќи дека би било невозможно да се најде место во веќе пренатрупаниот календар.

„Овој турнир може да биде интересен во иднина, но мислам дека не можеме да го повториме затоа што календарот е презаситен. Не знам каде ќе можам да ставам турнир за една недела или две во мај. Мислам дека е невозможно“, започна тој во своето ексклузивно интервју во Лисабон, каде на програма се последните натпревари од Лигата на шампионите.

Пред пандемијата на коронавирусот, УЕФА беше зафатена со правење измени во форматот на натпреварувањето од 2024 година наваму. Годинава, сите натпревари од четвртфиналето до крајот се играат зад затворени врати во португалскиот главен град, бидејќи УЕФА сака да го заврши натпреварувањето по присилната пауза поради кризата со коронавирус.

Годинашното финале беше закажано за Истанбул кон крајот на мај. Сега ќе се игра пред празните трибини на „Да Луж“ стадионот на 23 август, при што турскиот град ќе го добие финалето следната година. Но, тоа подложи на промена со оглед на тековната пандемија.

„Јас сум оптимист за иднината и мислам дека работите ќе се подобрат следната година и повторно ќе имаме нормални фудбалски натпревари со гледачи на стадионите, така што немаме план Б. Треба да знаете дека немавме план до март, а потоа имавме план Б, Ц и Е, па ќе се прилагодиме, но сигурен сум дека светот не може да запре засекогаш заради вирусот. Очекувам вакцина што е можно поскоро, се надевам, така да не планираме да го одржиме турнирот на ист начин следната година“, вели тој.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе