Челси е најскапиот тим во светот: Сините вредат 1,28 милијарди евра

Англиски Челси моментално го има најскапиот тим на целиот свет, а со него само уште два клуба, и двата од Премиер лигата, имаат играчи вредни повеќе од милијарда евра.

Според специјализираните веб-страници, играчкиот кадар на „Сините“ од Лондон збирно вреди 1.280.000.000 евра, а на тој список се и играчите од Б листата и оние што се на позајмица, но се врзани за тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Тоа не само што е најскапиот тим оваа сезона, туку и највредниот тим во историјата на фудбалот, бидејќи ниту еден клуб досега немал играчи чија вредност е поголема од оваа на првиот тим на Челси.

На листата на 10-те најскапи тимови сезонава има уште шест екипи од Премиер лигата, а Манчестер Јунајтед (1,03 милијарди) и Манчестер Сити (1,01 милијарда) се единствените кои ја пробија границата од милијарда евра.

Четвртата позиција на оваа листа на богати му припаѓа на Арсенал со тим вреден 798 милиони евра, на петтото место е Тотенхем со 787 милиони. На шестата позиција е ПСЖ со 772, а потоа следи Ливерпул со 735 милиони,  актуелниот европски првак Реал Мадрид со 720 милиони, Њукасл има тим вреден 683 милиони, а на десеттото место е Јувентус чии првотимци вредат 626 милиони евра.

Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Премиер лигата експресно го казни Слот

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Фудбал

Премиер лигата експресно го казни Слот

Read more

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Read more

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Боавишта во еден ден донесе 9 нови играчи

Read more
 

Спорт

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Читај повеќе

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Читај повеќе

3 години затвор за уценувачот: Тајно го фотографирал Шумахер, па барал 15 милиони евра

Читај повеќе

Боавишта во еден ден донесе 9 нови играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Читај повеќе

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Читај повеќе

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Читај повеќе