Чепреганов: Нека кажат Бугарите што е фалсификувано и нека покажат оригинали

Историчарот Тодор Чепреганов се спротивстави на тврдењата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски дека македонската историја крие факти кои не ѝ одговараат.

Фото: Слободен печат

Тој во интервју за Слободен печат, кое во целосна верзија можете да го прочитате со клик тука, ги оспори тврдењата на Георгиевски како целосно неосновани.

„Во многу документи, книги и монографии што ги издала македонската историска наука е наведено тоа што го зборува тој и не се крие дека револуционерите биле учители на бугарската егзархија. А што и можеле друго да бидат во тоа време кога постоеле само бугарски, српски и грчки училишта во кои учело македонското население? Но, одењето во одредена црква или училиште не е национална припадност“, вели Чепреганов.

Поранешниот премиер на гостување во емисијата „24 отворено“ во дебата со историчарот и лидер на Македонски концепт, Петар Богојески, обвини дека македонската историографија крие факти за бугарското влијание во Македонија во времето пред и по Илинденското востание.

Remote video URL

„Георгиевски испушта да каже дека меѓу револуционерите имало борби и спротиставени мислења за тоа дали во Македонија треба да има бугарски или македонски училишта на кои ќе се учи на македонски јазик. Шапкарев велел дека македонските деца не го разбираат бугарскиот јазик. Георгиевски во своите погледи и толкувања на минатото се фаќа за оние делови каде доминира бугарското, јас како македонски историчар се фаќам за делот каде доминира македонското. Бугарската, српската и грчката пропаганда од тоа време го разорија македонското национално ткиво и последиците се чувствуваат до денес“, додава тој.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе