Чешањето на гениталиите може да биде предупредувачки знак за сериозна здравствена состојба

Чешањето е обично краткотрајно и безопасно, но чешањето на гениталиите исто така може да биде еден од најраните предупредувачки знаци за сериозна здравствена состојба како што е дијабетесот.

Дијабетесот е сериозна, честа состојба која резултира со претерано високи нивоа на шеќер во крвта. Постојат две главни форми на оваа болест, дијабетес тип 1 и тип 2, при што вториот е многу почест.

Факторите како што се дебелината, неактивноста или семејната историја на болеста често придонесуваат за развој на дијабетес тип 2. Спротивно на тоа, точната причина за дијабетес тип 1 останува непозната.

Како и со секој друг здравствен проблем, раното откривање на симптомите на дијабетес може да доведе до брза медицинска интервенција. Имајќи го тоа на ум, лекарот Нил Пател сподели предупредувачки симптом на дијабетес.

„Дијабетесот понекогаш останува неоткриен бидејќи некои од симптомите остануваат незабележани. Сепак, најдобро е рано да се идентификува дијабетесот за да може да избегнете подоцнежни компликации или потенцијално целосно да избегнете развој на дијабетес“, рече тој.

Во врска со ова, тој објасни дека чешањето на гениталиите е помалку познат симптом на дијабетес тип 2.

„Чешањето и пецкањето на гениталиите може да укажува на габична инфекција кај жените или мажите. Редовните габични инфекции се знак за дијабетес тип 2. Кај дијабетес, нивото на гликоза во крвта може да биде ненормално високо, што може да обезбеди идеални услови за раст на природно присутните габи и исто така ја намалува способноста на телото да се бори против инфекцијата“, рече д-р Нил Пател.

Дијабетесот може да предизвика и повисоки нивоа на гликоза во урината, што е уште едно исклучително поволно место за растење на габите. Сепак, ова лесно може да се помеша со сексуално преносливи инфекции, кои можат да предизвикаат чешање во таа област. Меѓутоа, ако го забележите заедно со други симптоми, тоа може да биде дијабетес.

Општо земено, луѓето со прекумерна тежина имаат поголем ризик од развој на дијабетес тип 2. Конкретно, оние со нездрав обем на половината и вишок маснотии во областите на панкреасот и црниот дроб се изложени на висок ризик.

реклама

Здравје

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Read more

Кардиолозите советуваат што да почнат да прават жените над 50 години секое утро

Read more

Што се случува во телото ако секој ден јадеме по една лажица мед?

Read more

Симптоми на предијабетес кои не треба да ги игнорирате

Read more
 

Магазин

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе

Кардиолозите советуваат што да почнат да прават жените над 50 години секое утро

Читај повеќе

Пет знаци дека вашето дете е анксиозно, но тоа добро го крие

Читај повеќе

Како правилно и брзо да одмрзнете пилешко?

Читај повеќе

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Читај повеќе

Некогаш симбол на зрелост, денес црвен аларм: Како цигарите станаа непожелен детаљ во општеството?

Читај повеќе