Чешките пратеници се степаа во Парламентот

Б.С.Б.
/ 22.01.2021 / 09:19

Во чешкиот Парламент вчера изби тепачка меѓу пратениците при расправа во Долниот дом за барањето на Владата уште за еден месец да се продолжи кризната состојба прогласена поради пандемијата со коронавирусот.

Кога му беше исклучен микрофонот на еден пратеник, тој се степа со претседавачот на седницата. Независните пратеници Лубомир Волни и Маријан Бојко предизвикаа гнев кај некои свои колеги уште на почетокот на седницата бидејќи дојдоа без заштитни маски, непочитувајќи ги мерките на Владата за што им се заканува казна од 400 евра.

Кога претседавачот на седницата, социјалдемократот Томаш Ханзел, му кажа на Бојко дека треба да се срами и побара од него да стави маска, на говорницата излезе Волни и почна со навреди кон Ханзел и социјалдемократите, по што беше предупреден дека микрофонот ќе му биде исклучен.

Двајцата потоа се најдоа во конфликт, а на помош на претседавачот дојдоа и други пратеници. Од снимката може да се види како обезбедувањето го исфрли Волни од салата.

Независните пратеници Волни и Бојко се избрани од редовите на чешките радикални националисти чиј лидер Томио Окамура остро го осуди нивното однесување.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе