Четири фактори влијаат на тоа дали вакцинираните ќе се заразат со корона

Од почетокот на пандемијата се знае дека вакцината не штити 100% од зараза со коронавирусот SARS-CoV-2, а веќе почнаа да се регистрираат случаи на заразени меѓу вакцинираните. Се поставува прашањето дали може да очекуваме зголемен број заразени и меѓу вакцинираните?

Зошто вакцинираните добиваат корона? Две недели по примањето на втората доза вакцина против болеста COVID-19, заштитниот ефект се наоѓа на врвот. Меѓутоа, ако дојде до зараза, станува збор за пробојна инфекција.

Кај пробојната инфекција има сличности со редовната инфекција од COVID-19 кај невакцинираните, но постојат неколку разлики, пишува SciTechDaily.

Еве на што треба да внимаваме: петте најчести симптоми на пробојна инфекција се главоболка, растечен нос, кивање, болки во грлото и губење на мирисот. Некои од овие симптоми се идентични како кај луѓето кои не се вакцинирани.

Ако не сте вакцинирани, трите најчести симптоми се главоболка, болки во грлото и растечен нос. Но, меѓу другите најчести симптоми кај невакцинираните се упорна кашлица и висока температура. Овие два класични симптоми на COVID-19 стануваат многу поретки откако сте ја примиле вакцината.

Едно од истражувањата покажа дека луѓето со пробојна инфекција имаат 58% помалку шанси дека ќе имаат висока температура во споредба до невакцинираните.

Помала е веројатноста дека вакцинираните ќе бидат хоспитализирани ако развијат COVID-19. Исто така, веројатно ќе имаат помали симптоми во текот на почетната фаза на болеста и помала е веројатноста дека ќе развијат долг облик на болеста.

Причини за поблага болест кај вакцинираните може да биде тоа што вакцините, ако веќе не ја блокираат инфекцијата, да доведат до тоа заразените да имаат помали честици на вирусот во организмот.

Истражување во Велика Британија откри дека 1: 500 доживеал пробојна инфекција по целосна имунизација.

Но, сите не се под ист ризик. Четири работи придонесуваат колку сте заштитени со вакцината:

Видот на вакцина

Секој вид нуди релативно намалување на ризикот. Клиничките испитувања покажаа дека Moderna го намали ризикот од развој на симптоматски COVID-19 за 94%, додека вакцината на Pfizer за 95%.

Вакцината на AstraZeneca се покажа со послаби резултати од 70%, но заштитата се зголемува на 81% ако меѓу дозите е направен подолг период.

Времето од вакцинирање

Времето минато од вакцинација исто така е една од причините зошто расправата за дополнителни дози е сѐ погласна.

Некои првични истражувања, кои треба да бидат научно потврдени, укажуваат дека заштитата со Pfizer слабее 6 месеци по примање.

Сојот на вирусот

Важен фактор е и од кој сој ќе се заразите. Горе наведените намалени ризици се пресметани со тестирање на вакцина за изворниот облик на коронавирусот.

Дозите на Pfizer штитат 93% кога станува збор за алфа варијантата, покажаа податоците од Државната агенција за јавно здравје на Англија. Во однос на делта, нивото на заштита опаѓа на 88%. Истото важи и за вакцината на AstraZeneca.

Податоците покажуваат дека во период од две до четири недели по примањето на втората доза на Pfizer околу 87% е помала веројатноста да добиете симптоми на болеста кога станува збор за делта сојот. По четири до пет месеци таа бројка опаѓа на 77%.

Личниот имунолошки систем

Вашиот личен ризик зависи од вашето ниво на имунитет и други фактори специфични за поединецот. Имунолошката способност на човекот се намалува со текот а годините. Постарите луѓе или луѓето со ослабен имунитет може да имаат пониско ниво на заштита предизвикана со вакцините, односно нивната заштита побрзо се намалува.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе