Четири грешки кои ги правите кога користите смартфон

Најверојатно мобилниот телефон ви стои покрај креветот за да биде поблиску до вас кога ќе ви заѕвони алармот. Оваа лоша навика ви прави повеќе штета отколку корист.

Ова се некои од најчестите грешки што ги правите кога користите мобилен телефон.

Го оставате блиску до вашиот кревет

Мобилниот телефон во основа е електромагнетен приемник. Иако не е докажано, истражувањата и понатаму покажуваат дека електромагнетните бранови можат да влијаат на вашиот мозок.

Во најмала рака, можат да ве разбудат известувањата кои пристигнуваат постојано. Доколку не сакате целосно да го исклучите телефонот, ставете го на авионски режим.

Премногу сте изложени на сина светлина

Светлината на екранот на вашиот смартфон го потиснува мелатонинот, хормонот кој го регулира циклусот на спиење, што е уште една причина зошто не треба да го држите телефонот во близина додека спиете.

Сината светлина исто така предизвикува проблеми со очите и видот.

Контакт со кожата

Постојат неколку студии кои ја докажуваат врската помеѓу употребата на мобилниот телефон и ракот на кожа. Имено, сигналот на пренос изнесува околу 900 MHz, поради што вашиот телефон се загрева. Вашата кожа ја апсорбира топлината секогаш кога го држите мобилниот во близина на телото.

Користете слушалки додека разговарате за да не го допирате мобилниот.

Гледање во екранот е причина за лошото држење на телото

Честата употреба на смартфонот доведува до tenosynovitis(повреда на палецот).

Освен тоа, доведува до појава на состојбата наречена „текстуален врат“. Како што сугерира само име, кога ќе го наведнете вратот нанапред за да гледате во екранот, стресот на ‘рбетниот стол постепено се зголемува.

Ова предизвикува болка во вратот и неправилно држење на телото. Држете го телефонот пред очите, држејќи го вратот што е можно повеќе исправен.

реклама

Мобилни

Познат датумот кога ќе биде претставен долгоочекуваниот OnePlus 8T

Read more

Apple подготвува изненадување за купувачите: Наскоро пристигнува iPhone 12 mini

Read more

Realme го претстави евтиниот смартфон C17 со одлична батерија

Read more

Xiaomi го најави новиот модел Mi 10T Pro за европскиот пазар

Read more

Гик

  • play_arrow

Што би се случило доколку Сонцето би било помало од Земјата?

Читај повеќе

Метеоролозите останаа без имиња за бурите

Читај повеќе

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку брзо луѓето еволуираат?

Читај повеќе
  • filter

Познат датумот кога ќе биде претставен долгоочекуваниот OnePlus 8T

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги „замаглите“ лицата во видеата на YouTube?

Читај повеќе

Барајќи лек за коронавирусот, најдоа потенцијална терапија за канцер

Читај повеќе
  • filter

Apple подготвува изненадување за купувачите: Наскоро пристигнува iPhone 12 mini

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку ќе ја чини НАСА испраќањето на првата жена на Месечината?

Читај повеќе