Има многу начини со кои може да влијаеме на имунитетот. Сепак, повеќе се фокусираме на други работи отколку на здравјето, мислејќи дека ни треба повеќе време да ја подобриме целокупната состојба на организмот.
Но, најлесните и најефективни чекори кон подобрување на организмот се оние кои може да ги направиме дома и тоа за само една минута.
Сите знаеме колку е важна хидратацијата, па пиеме вода и тогаш кога не сме жедни. Но, експертите советуваат дека од пресудно значење за доброто здравје е да пиеме чаша вода наутро, непосредно по будењето и пред утринското кафе. Во текот на ноќта дехидрираме, па чаша вода го буди организмот побрзо од кофеин.
Сите сакаме да си шеткаме боси и по кратки ракави во домот, но експертите советуваат дека е од пресудно значење за здравјето собната температура во спалната соба да ја намалиме два степени по вечерата и уште три пред спиење. Значи, кога ќе си легнеме температурата треба да биде максимални 18 степени.
Кога се спремате за во кревет, изгасете ги светлата.
Оваа едноставна задача го стимулира производството на хормонот мелатонин, кој делува седативно, а тоа значи дека побрзо ќе заспиете и ќе се чувствувате наспани и одморни.
Нутриционистите советуваат за појадок да консумирате протеини, на тој начин со внесување протеини нивото на шеќер и енергија се одржува во текот на денот. Тоа значи дека чувството на глад и расположението ќе бидат постабилни.