Четири најчести причини поради кои изневеруваат жените

Жените изневеруваат од различни причини, исто како и мажите. Истражување на американски експерти покажа дека причините поради кои изневеруваат жените се многу комплексни, но на мажите може да им послужат како насока да направат нешто за да не дојде до неверство.

Секс терапевтот Тами Нелсон и психологот Маргарет Пол откриваат кои се најчестите причини за женското неверство.

1. Незадоволство од врската

Дури и ако е присутна љубовта, жената којашто е несреќна во врска може да биде склона кон неверство. Без разлика дали е поради лутина, финансиски или семејни проблеми, жената е во надеж дека неверството ќе го донесе тоа што недостига во врската. Ако чувствува досада или напнатост со партнерот, возбудата со друг маж може да изгледа привлечно.

2. Сака интимност

Жените секогаш имаат потреба за близина, физичка или емоционална. Ако не се чувствува блиска со партнерот, а наиде на некој кој ѝ покажува таков вид интимност, ќе се создаде привлечност. Истражувањата покажале дека жените можат да остварат силна емотивна поврзаност со некоја нова личност со која изневеруваат. На мажите тоа ретко им се случува.

3. Бегство од проблеми

Со неверство, жените понекогаш сакаат да заборават на домашните или деловните проблеми. Како што некои мажи на пример се вртат кон алкохол, дроги, така жените почнуваат да изневеруваат за да го избегнат решавањето на проблемите што ги имаат.

4. Поради секс

Можеби за мажите ова е големо изненадување, но жените исто како и мажите го ценат добриот секс. Ќе го изневерат партнерот тогаш кога ќе најдат личност којашто ги возбудува. Ако мислевте дека мажите изневеруваат поради секс, а жените поради чувства, се лажете.

Неодамнешно истражување во Journal of Sex Research покажа дека и жените изневеруваат поради сексуална разноликост. И жените сакаат нешто ново, непознато, страсно, возбудливо.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Љубов и секс

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Read more

Дали секс двапати во една вечер ги зголемува шансите за забременување?

Read more

Секс на прв состанок: Дали е табу тема или се случува почесто отколку што мислите?

Read more
 

Магазин

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Читај повеќе

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Читај повеќе

10 најголеми митови за исхраната во кои треба да престанеме да веруваме

Читај повеќе