КОНКАКАФ ГОЛ КУП 2021

Четири останаа во игра за фудбалски првак на Северна Америка

Филип Здравески
/ 26.07.2021 / 12:12

Првенството на Северна Америка, познато како Голд Куп, дојде до самата завршница откако ноќеска се комплетираа полуфиналните двојки.

Репрезентацијата на Канада, која е најмалку позната по фудбал, успеа да приреди изненадување и да ја исфрли Костарика, редовен учесник на Светските првенства и еден од фаворитите за пехарот. Канаѓаните иако на првенството настапуваат без своите две најголеми ѕвезди, Алфонсо Дејвис од Баерн и Џонатан Дејвид од Лил, сепак стигнаа до своето прво полуфинале по 2007 година откако со 2:0 ги елиминираа Костариканците. Џуниор Хојлет во 18. минута ја најави победата која ја запечати Стивен Еустакио во 68. минута.

Домаќинот САД е во потрага по својот седми пехар. Ноќеска се намачи со Јамајка чиј отпор го скрши на седум минути пред крајот благодарение на голот на Мет Хоп.

Remote video URL

Претходно во неделата гостинот Катар ја продолжи одличната серија и со 3:2 славеше над Ел Салвадор. Уште во 2. минута Али Алмоез го отвори резултатот, а по 8 минути игра водството го дуплираше Абдулазиз Хатим. Актуелниот азиски првак десет минути по паузата дојде до убедливи 3:0 со вториот гол на голгетерот Алмоез, а потоа за кратко Ел Салвадор се врати во игра со двата гола на Хоакин Ривас во 63. и 66. минута. Сепак, докрај Салвадорците не успеаја да дојдат до трет гол.

На бранителот на тронот и главен фаворит, Мексико, му беа потребни 38 минути за да го среди Хондурас. Рохелио Фунес во 26. минута, Џонатан дос Сантос во 31. и Орбенил Пинеда во 38. минута се погрижија за убедлива победа.

Полуфиналните натпревари се на програмата в петок рано наутро. Во Остин од 1:30 часот по македонско време ќе се сретнат Катар и САД, додека во 4:00 во Хјустон Мексико и Канада ќе го дадат вториот финалист.

Финалето е закажано за 5:30 часот на 2 август на „Алиџант“ стадионот во Парадајс, Невада.

URL

Мексико со 11 трофеи е лидер во Северна Америка, САД има 6 (последниот во 2017), Канада има 2 од кои последниот во 2000, додека Катар прв пат учествува и ќе се обиде да стане трета репрезентација која како гостин дошла до финале откако тоа претходно им успеа на Бразил (во 1996 и 2003) и на Колумбија (во 2000 година).

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе