Четири прашања кои треба да си ги одговорите пред да го смените работното место

По завршувањето на средно училиште или факултетско образование, многумина од нас сонуваат за реализирање на успешна кариера во избраното поле.

Сепак, некои луѓе, иако успеале да најдат работа по струга и биле (релативно) успешни во тоа што го работат, сакаат да пробаат нешто ново. Бараат нов предизвик, нови видици, промена.

Други пак, работеле нешто сосема поразлично од она за кое биле квалификувани, но не се пронаоѓаат во таа струка и сакаат да се обидат со нова кариера.

Кои и да се причините, пред да го смените работното место, треба да си ги поставите следните четири прашања и искрено да си ги одговорите.

Дали чувствуваш страст кон оваа работа?

Многу е важно работата која ја работитеда ја обавувате со голема жар и страст. Ако сте безволни, незаинтересирани и неисполнети, тоа ќе се одрази на вашата работа и на вашето ментално здравје. Ниту една сума на плата нема да може да ја надомести страста на работењето нешто што го сакате и задоволството од сработеното и фактот дека нешто создавате.

Каде се гледаш себе си за неколку години?

Кога ќе си го поставите ова прашање подобро ќе разберете дали воопшто сте подготвени за овој чекор. Јасната визија, но и јасниот план за реализација се најважни алатки при менување на кариерата. Бидете реални со себе и објаснете си дали ова е правилно и изводливо. Исто така треба да се замислите и да си одговорите искрено на прашањето дали се гледате себе си во таа бранша на работа по неколку години. Треба да бидете сигурни дека можете да се посветите на потребите на таа работа и да се прашате како оваа промена ќе се одрази на вашиот личен и семеен живот.

Кои се твоите очекувања?

Тоа што сакате да ја смените кариерата не значи и дека ќе успеете во тоа. Мора да се подготвите за неуспех и да бидете реални дека и покрај сите ваши напори и најдобри намери, ова можеби нема да успее. Поставете си реални цели и сослушајте ги советите на луѓе кои веќе го направиле тоа, но и луѓето кои добро ве познаваат.

Кој може да ти помогне?

Ова е многу важно прашање. Не станува збор за непотизам или „патерица“ од каков било вид. Напротив, станува збор за систем на поддршка, советници, па дури и партнери во вашата голема промена. Прифатете ја понудената помош и со достоинство повлечете се од таму каде нема да ви биде дадена. Помошта од семејството и пријателите е многу важна, дури и ако е само во форма на поддршка, охрабрување и советување.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе