Четири работи кои ги наследуваме од мајката

Генетиката е сложена работа, а од родителите наследуваме се, од однесување и изглед до интелигенција. Истражувањата покажаа дека некои специфични особини и квалитети ги наследуваме од мајката.

Без разлика на тоа дали личите на таткото или на мајката, науката вели дека е голема можноста овие четири работи да ги наследите од мајката.

1. Интелигенција

Поголема е веројатноста детето да ја наследи интелигенцијата од мајката отколку од таткото. Истражување на Универзитетот во Глазгов, во кој биле прегледани над 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, утврдиле кои фактори влијаат на интелигенцијата, вклучувајќи го социо-економскиот статус  и образованието на мајката. Всушност, нивниот коефициент на интелигенција варирал во просек за само 15 бода во однос на мајката.

2. Навики на спиење

Ако имате проблеми со спиењето, можно е тоа да сте го наследиле од мајката. Истражување објавено во Sleep Medicine упатува на тоа мајките да ги пренесат навиките за спиење на децата и децата чии мајки имаат проблеми со несоница подоцна си легнуваат и помалку одмораат. Интересно е што научниците не нашле иста поврзаност со татковците.

3. Минување низ менопауза

Возраста во која ќе минете низ менопауза може да биде наследна од вашата мајка. Истражување од 2011 година на британскиот Институт за истражување на рак на повеќе од 2.000 жени откри дека и пораната и подоцната менопауза (пред 45 и по 55 години) е наследна.

Откриено е дека жените чии мајки и сестри рано или касно минале низ менопауза имаат за шест пати поголема шанса исто така да биде и кај нив. Но, истражувачите нагласуваат дека не е важна само генетиката, туку голема улога има и стилот на живеење.

4. Брзина на стареење

Гените од мајката влијаат и на брзината на стареење. Научници од Институтот Макс Планк откриле дека ДНК-та од митохондрии што ги наследуваме исклучиво од мајката, може делумно да го контролираат стареењето.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе