Фит

Четири утрински промени со помош на кои ќе внесете помалку калории во организмот

23. март 2020 - 9:44 | М.С.

Многумина се согласуваат дека појадокот е најважен оброк во текот на денот, но доколку направите неколку промени, може да го направите и најздрав оброк во текот на вашиот ден.

Нутриционистот Грејам Томлинсон, познат како The Fitness Chef, вели дека промената на утринските прехрамбени навики може да резултира со значително помал внес на калории во организмот.

Тој вели дека со неколку едноставни промени може да избегнете внес на дури 800 калории и да го забрзате процесот на слабеење.

Ова се некои од неговите совети

Утринско кафе

Грејам ве советува доколку уживате во кафе со вкус, подобро изберете големо капучино. Кафе со вкус на карамела содржи дури 346 калории, а капучино има само 119 калории. Со помош на овој едноставен совет ќе избегнете внес на дури 227 калории.

Печиво

Нема ништо подобро од тоа да го започнете денот со свежо печиво. Меѓутоа, треба да внимавате каков вид печиво јадете бидејќи може да има огромна разлика според бројот на калории. 60 гр. кроасан со чоколадо содржи 236 калории, а еден кроасан од 80 гр. содржи 365 калории.

Ужина

Доколку пред ручек изедете еден чоколаден мафин, во организмот ќе внесете 480 калории. Наспроти тоа, 50 гр. шумско овошје, 200 гр. јогурт и два интегрални чоколадни бисквити содржат само 227 калории.

Сок

Засладените овошни сокови се полни со калории. Иако изгледаат здраво, половина литар сок од портокал може да содржи 190 калории. Затоа е подобро да изберете обична вода која ќе го забрза вашиот метаболизам, ќе го исчисти телото од токсини и ќе ви го намали апетитот.

Коментирај