ПОЧИНАЛ НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Чиј е Кристофер Колумбо?

Дали Кристофер Колумбо навистина бил од Џенова, денешна Италија? Или бил Шпанец? Или, како што сугерираат други теории, бил Португалец, можеби Грк, па дури и Полјак?

Мистеријата околу за потеклото на славниот истражувач можно е да биде решена за пет месеци, бидејќи меѓународни научници вчера започнаа да ги анализираат неговите ДНК остатоци, со надеж дека ќе ги идентификуваат неговите корени.

Заклучокот од анализата се очекува во октомври.

Малку е познато за раните години на славниот морепловец од 15 век. Важен напредок во создавањето на поцелосен профил на истражувачот кој починал пред 515 години беше постигнат во 2003 година кога ДНК анализите потврдија дека коските закопани во гробница во Севилската катедрала се навистина на Колумбо.

Но, по тој наод, група истражувачи од Универзитетот во Гранада, спроведувајќи го истражувањето, ја прекинаа истрагата. Причината беше што тогашната ДНК технологија не беше точна, ниту веродостојна и бараше големо количество генетски материјал.

URL

Но, во меѓувреме, науката направи голем напредок. Хосе Антонио Љоренте, професор по медицинска форензика на Универзитетот во Гранада, вели дека имало „радикално подобрување“ во ДНК анализата, па сега е можно да се анализираат многу мали фрагменти од примероци.

„Добив десетици агресивни мејлови во кои ме прашуваа зошто престанавме да истражуваме. Бараа да ја откријам ‘тајната’ за потеклото на Колумбо“, рече водачот на проектот, Љоренте, на онлајн прес-конференција.

„Ех да можевме да го утврдиме тоа пред најмалку 16 години, но тогаш ја немавме потребната технологија. Науката не е наука ако не ги исполнува максимално неопходните услови“, додаде тој.

Неговите коски патуваа исто како и него

Истражувачите во моментов работат на четири парчиња коски од Колумбо, седум остатоци од коски, забот на неговиот син Хернандо и исто така на десетина фрагменти од коски на неговиот брат Диего, кои се во лоша состојба.

Овие остатоци ќе бидат испратени на генетска идентификација во лабораториите во Рим и Фиренца во Италија и во лабораториите во Мексико и САД, иако истражувањето се координира од Гранада.

„На тој начин, процесот на работа ќе биде независен. Нема да има поврзаност помеѓу овие лаборатории за да се зачува објективноста на наодите. Кога сите ќе завршиме, ќе ги презентираме заклучоците на маса“, објасни Љоренте.

Тој лично верува во општо прифатената теорија дека Колумбо бил од Џенова, но додава дека проектот има за цел да реши некои „загатки и противречности“ во историската приказна и да добие „што е можно повеќе информации за да не може повеќе да се дискутира“ за потеклото на Кристофер Колумбо.

URL

Како вовед во работата, Универзитетот во Гранада беше домаќин на научници во средата, она што Љоренте го нарече „првиот состанок на светот на истражувачи од Колумбо“, кој изнесе разни теории за неговото потекло.

Патувањата на истражувачи во странство во име на шпанската монархија од 1492 и 1504 година ја отворија вратата за европска колонизација на Америка, што Европејците тогаш го нарекуваа „Нов свет“.

Колумбо починал на 20 мај 1506 година и бил погребан во манастир во шпанскиот град Ваљадолид, иако наводно сакал да биде погребан во Америка. Од Ваљадолид, неговите посмртни останки биле префрлени најпрво во Севилја, потоа во Доминиканската Република, потоа во Куба и на крајот повторно во Севилја.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе