Чиј е Никола Тесла?

Белград, 8 мај 2020 (МИА) – Српскиот министер за култура и информирање Владан Вукосављевиќ, реагираше денеска по повод податоците за Никола Тесла на веб-страницата на Европската унија, изјавувајќи дека станува збор за „безброј пати повторен фалсификат“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во врска со информациите дека на официјалната интернет презентација на Европската Унија, во таканаречениот Агол за учење се наоѓа податокот дека Никола Тесла е познат Хрват, со жалење констатирам дека се работи за веќе безброј пати повторуван фалсификат, кој упорно се вметнува од одредени кругови во Хрватска, со цел бесрамно присвојување и хрватизирање на српскиот културен и историски идентитет, наведе Вукосављвиќ во соопштението на министерството за култура и информирање.

Тој додаде дека му е особено жал што тоа се наоѓа на официјалната веб-страница на ЕУ, која, како што вели, „барем декларативно се залага за вистински историски погледи и политика на разбирање и взаемно почитување меѓу државите и народите во Европа“.

-Се надевам дека со извинување до српскиот народ, оваа непримерна грешка ќе биде исправена без одложување и дека ќе се создадат услови историските фалсификати никогаш повеќе да не се појават на официјалните интернет страници на ЕУ, наменети за образование на луѓе од сите возрасти, кажа српскиот министер за култура.

Во Википедија на српски јазик за Никола Тесла стои дека тој е српски и американски пронаоѓач, инженер за електротехника и машинство и футуристист, најпознат по неговиот придонес во проектирањето на модерен систем за напојување со наизменична струја

Во хрватската Википедија стои дека тој бил хрватски и американски електроинженер и пронаоѓач со српско потекло од Хрватска, роден во Лика, образован во Карловац, а работел скоро целиот живот во САД, каде ги направил сите свои пронајдоци.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе