Читајте КАЈГАНА и добијте книга од ТРИ

Дали знаевте дека редовното читање може да ве направи подобра и емпатична личност? Времето е студено и сиво, па овој период од годината е најдобар за ментална гимнастика. Подгответе си ја омилената напивка и стоплете се под ќебе со омилената книга.

Што ќе читаме овој јануари?

Вуди Ален – „А пропо ништо“

Забавен, искрен и брилијантен автопортрет на славниот уметник кој се вбројува меѓу најголемите режисери на нашето време.

Почнувајќи од детството во Бруклин и хонорарната работа како текстописец за забавната емисија на Сид Цезар, Ален ни раскажува за своите почетоци како стендап комичар, и патот до првите признанија и успеси. Со непоторлива живост и енергичност, тој ни раскажува за филмовите и ја опфаќа целата своја исклучитело плодна кариера, долга шеесет години, како сценарист и режисер, од своите класики како Ени Хол, Менхетен и Хана и нејзините сестри, до Полноќ во Париз. Патем ни раскажува и за своите бракови, за љубовните врски и пријателствата со славни личности, за џезот и за своите книги.

Садгуру – „Внатрешен инженеринг“

Садгуру им го осветлува патот на милиони луѓе низ светот. во својата моќна и трансформативна книга, лидерот на мислата, визионер, филантроп, мистик и јогин Садгуру раскажува за сопственото будење, од момче со невообичаен афинитет кон природата до смел млад авантурист што го прокрстарил индискиот континент на својот мотор.

Тој раскажува за моментот на своето просветлување на еден планински врв, и за патот до постигнување апсолутна благосостојба, патот што го издржал тестот на времето: класичното знаење на јогата.

Елена Феранте – „Приказна за оние што заминуваат и за оние што остануваат“

Елена и Лила, двете нераздвојни девојчиња од првиот и од вториот роман од сагата, се разделуваат на возраст на триесетина години, кога едната заминува во Фиренца, а другата останува во Неапол. Иако изборот на двете млади жени е сосем различен, тие остануваат постојано во близок контакт, во еден амбивалентен однос создаден од љубов и омраза. Ова е книга што не можете да ја испуштите од рака додека не ја прочитате до крај.

Ју Несбе – „Нож“

Нож е можеби најдобриот роман од исклучителниот серијал на Ју Несбе. Моралните дилеми ќе ве потсетат на Достоевски, пресвртите ќе ве остават без здив, некои дијагнози ќе ве насмеат, а напнатоста не попушта ни за миг.

„Нож“ е една од ретките големи книги за кои никој не би помислил дека требало да бидат скратени макар за една страница.

Thrivity Активатор – Фросина Денкова-Зафировска, Дејан Ваневски и Поликарп Арсеновски

Наменет е за луѓето кои бараат работа, поединците кои имаат желба за лична и професионална надградба, менаџерите кои се посветени на развој на луѓето, експертите од областа на човечките ресурси и едукаторите кои ќе им ги доближат компетенциите на учениците и студентите, како неопходност за иднината.

Ќе го искористите знаењето и искуството пренесени во овој прирачник како инспирација да се остварите себеси како личност и професионалец.

Книжарница Три има одлични наслови на Зимскиот фестивал на книгата и до 70% попусти.

Заедно со нив подаруваме една книга по ваш избор.

Одберете ја омилената од овие пет предлози и пишете ни го вашете име, презиме и насловот на книгата што ја сакате во коментар. Најсреќниот добитник ќе го објавиме утре во 15 часот и ќе може да си ја подигне книгата во Книжарница Три во ГТЦ. Среќно!

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе