Чоколадните шишарки ќе ја збогатат празничната трпеза

Десертот во форма на шишарки минатата година ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, а бидејќи се ближат новогодишните празници, ви предлагаме да го пробате. Можете да го направите со јаткасти плодови или бисквити.

Првата верзија на овој интересен десерт ја најдовме на Instagram профилот на фудблогерката Бојана Димитријевиќ, а наместо јаткасти плодови можете да користите и мелени бисквити.

Потребни состојки:
  • 150 гр мелени бадеми
  • 150 гр мелени лешници
  • 100 гр млечно чоколадо
  • 2 лажици чоколаден намаз
  • 1 лажица сечкани бадеми
  • 50 гр путер
  • 200 гр чоколадни снегулки
Подготовка:

Растопете ги путерот и млечното чоколадо и соединете ги со останатите состојки. Оставете ја смесата да се излади, а потоа поделете ја на еднакви топчиња и обликувајте ги во конуси. Наредете ги чоколадните снегулки во круг кон врвот и оставете ги да се стегнат околу половина час. Можете да ги посипите со шеќер во прав и веднаш да ги послужите.

На Instagram профилот на блогерката за храна Марија Мазалин најдовме друга верзија.

Потребни состојки:
  • 400 гр чоколаден бисквит
  • 120 мл млеко
  • 100 гр темно чоколадо за готвење
  • 50 мл слатка павлака за шлаг
  • чоколадни снегулки
Подготовка:

Прво издробете го бисквитот и додадете го млекото. Мешајте додека не добиете компактна смеса, а по потреба додадете уште малку млеко. Смесата поделете ја на пет или шест еднакви делови и формирајте шишарки.

Загрејте ја слатката павлака и измешајте ги парчињата темно чоколадо да се растопат. Намачкајте ги обликуваните шишарки и наредете ги чоколадните снегулки. На крај посипете со шеќер во прав.

Тагови
реклама
prostitute-pimping.jpg

Интересни факти за проституцијата што можеби не сте ги знаеле

Read more
Најсилниот тропски циклон се приближува кон Виетнам

Најсилниот тропски циклон се приближува кон Виетнам

Read more
„Casablanca“, 75 години од култниот холивудски класик

„Casablanca“, 75 години од култниот холивудски класик

Read more
Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Read more

Рецепти

Сладолед торта со бисквити за летно освежување

Read more

Јадење од едно тавче готово за 25 минути: Шакшука е хранлив и вкусен оброк

Read more

Честа грешка со која си го расипувате вкусот на кајганата

Read more

Десерт на денот: Колач со банана и чоколадо

Read more
 

Магазин

Доматите ќе имаат подобар вкус ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе
  • play_arrow

Сладолед торта со бисквити за летно освежување

Читај повеќе

Најголемите заблуди за секс на плажа во кои уште веруваме

Читај повеќе

Лето 2025: Колку храна, цигари и алкохол смеете да внесете преку граница во Грција?

Читај повеќе

Како конечно да се откажете од пушењето?

Читај повеќе

Колку треба да трае тренингот за биде ефикасен?

Читај повеќе

Пак врие на плажите во Грција: Лежалките поскапуваат од ден во ден

Читај повеќе

Зошто портокалите обично се продаваат во црвени мрежести кеси?

Читај повеќе

Јадење од едно тавче готово за 25 минути: Шакшука е хранлив и вкусен оброк

Читај повеќе