УЕФА ЕУРО 2020

Човекот кој го оживеа Ериксен: Имаше пулс и дишеше, а потоа сè застана

Кристијан Ериксен е стабилен и неговата состојба е под контрола по вчерашниот шокантен пад на мечот меѓу Данска и Финска во рамките на 1. коло од групата Б на Европското првенство.

Данскиот репрезентативец колабира во 43-та минута од натпреварот и целиот свет во живо ја следеше борбата на лекарите за неговиот живот. Неговите соиграчи Јоаким Мехле и Симон Кјер први му пријдоа на помош, а до него веднаш притрчаа лекарите на данската репрезентација предводена од Мортен Босен.

„Кога стигнав до него, тој лежеше на страна, дишеше и почувствував пулс. Но, тогаш сè престана. Почнавме да го реанимираме и по неколку минути, со помош на други лекари, успеавме. Пред да отиде во болница разговараше со мене додека беше на носила“, рече Босен.

*Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири!

УЕФА подоцна објави дека Ериксен е стабилен и дека неговата состојба е под контрола. Го слушнаа и неговите соиграчи кои кога се уверија дека е добро, во договор со своите фински колеги, решија да го продолжат натпреварот, кој на крајот Финска го доби со 1:0.

„Јасно е дека е практично невозможно да се игра нормално по она што го видовме. Но, моите играчи беа неверојатни. Им се восхитувам што се вратија на теренот и го играа натпреварот до крај. Тие едноставно не сакаа да останат будни цела ноќ и потоа да утрото да седнат во автобус и да одиме да ја продолжиме играта. Сакавме да ја завршиме таа приказна“, рече данскиот тренер Каспер Хјулманд.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе