Лос Анџелес Лејкерс успеа да ја прекине серијата од три порази со неверојатна победа од 120:119 над Индијана Пејсерс на гости, а херој беше неуништливиот Леброн Џејмс.

Лејкерс со сите свои ѕвезди претрпеа три неочекувани порази, па ноќеска беа под императив да победат против секогаш непријатната Индијана. Дуелот беше повеќе од возбудлив и драматичен од почетокот до последната секунда.
Индијана во завршницата влезе со предност. При резултат 119:118, Лејкерс имаа уште еден последен напад во натпреварот и шанса за победа.
Лука Дончиќ беше сам, направи голем пробив, но промаши сосема неочекуван шут за неговите стандарди и на тој начин ускрати победа на својот тим.
Но, по којзнае кој пат се појави неуништливиот Леброн Џејмс. Кралот најпрвин направи офанзивен скок-шут, а потоа погоди со звукот на сирената за повеќе од важна победа на гостите од Лос Анџелес.
LEBRON JAMES WINS IT AT THE BUZZER 🚨 pic.twitter.com/AZ2xR9zQYA
— ESPN (@espn) March 27, 2025
И покрај тоа што промаши клучниот удар, Дончиќ брилјираше со 34 поени и по 7 скокови и асистенции. Леброн постигна 13 поени и исто толку скокови, а додаде и 7 асистенции. Се истакна и Остин Ривс со 24 поени.
Кај Индијана најефикасен беше Канаѓанецот Бенедикт Матурин со 23 поени, Халибартон оствари дабл-дабл со 16 поени и 18 асистенции, исто како и Мајлс Тарнер со 16 поени и 12 скокови.
Лејкерс сега со скор 44-28 се четврти на Западот, исто како и Индијана на Истокот, но со скор 42-30.
Резултати:
Филаделфија 76ерс - Вашингтон Визардс 114:119
Бруклин Нетс - Торонто Репторс 86:116
Индијана Пејсерс - Лос Анџелес Лејкерс 119:120
Њујорк Никс - Лос Анџелес Клиперс 113:126
Денвер Нагетс - Милвоки Бакс 127:117
Феникс Санс - Бостон Селтикс 102:132
Табела: