Чудесниот Алисон стана и голгетер - спасител на сезоната за Ливерпул?

Голманот на Ливерпул постигна гол со глава длабоко во судиското надополнување и го остави својот тим во игра за пласман во Лигата на шампионите.

Алисон е херој на Ливерпул, но не поради неговите одбрани. Овој пат бразилскиот голман мораше да се префрли пред противничкиот гол и да земе нова улога, улога на голгетер, да ја затресе противничката мрежа и да ја заврши работата на своите колеги кои не успеаваа да го најдат патот до мрешата на Вест Бромвич Албион.

Лошата сезона на Ливерпул добива чудесна завршница. Тимот на Јирген Клоп од борба за титулата се префрли во борба за место во Лигата на шампионите откако имаше нестварно лоша серија на средина од сезоната. Така, „Црвените“ се доведоа до ситуација во последните неколку кола секој натпревар да им е како финале, а воедно и да зависат од резултатите на притивниците.

Синоќа Ливерпул ја запиша третата последователна победа, победа со која сега е само еден бод зад тоа 4. место на кое лежи Челси, место кои води во елитата на европскиот фудбал.

А спасител синоќа беше играч од кој никогаш не би се очекувал гол со оглед на тоа што неговата задача е да ги спречува противниците да ја затресат ливерпуловата мрежа. Бразилскиот голман Алисон Бекер никогаш во кариерата немаше постигнато гол, а вчера тоа го направи кога беше најпотребно.

Во 5. минута од судиското надополнување Трент Александер-Арнолд изведуваше корнер, а Алисон го претрча целиот терен во очаен обид да му помогне на својот тим. Домашните фудбалери го оставија без чувар, потценувајќи ги неговите способности, а тој најдобро го искористи таквиот подарок и со глава заби во мрежата на неговиот колега, немоќниот Сем Џонстон. Резултатот на семафорот означи 1:2, а набрзо следуваше и последниот свиреж на главниот судија.

Remote video URL

Алисон дефинитивно секогаш ќе го памти вчерашниот ден и поројниот дожд на „Д Хоторнс“ стадионот во Вест Бромвич. Воедно, тој стана првиот голман во историајта на Ливерпул кој постигнал гол на официјален натпревар во било кое натпреварување. Голот му го посвети на својот татко Жозе Бекер кој почина во февруари годинава откако се удави при пливање.

28-годишниот Алисон во Ливерпул е од летото 2018 година кога дојде од редовите на Рома за која настапуваше две сезони. Кариерата ја почна во Интернасиунал од каде и дојде на Стариот континент.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе